Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Да не беше Боки, син ми сега ќе работеше на брод“, сведочи Камчева за првата средба со Јанева

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: sdk,mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ана Камчева, сопруга на Јордан Камчев, денеска сведочи за случајот „Рекет“. Таа беше прашана од обвинителката Вилма Русковска што се случуваше пред Камчев да оди во притвор.

„Половина час пред полноќ, Јордан Камчев се јави и ми рече да се симнам доле во куќата за да ми соопшти нешто. Во мојата куќа беше присутно и лицето Зоран Милески и ми рече дека во нашата куќа ќе се врши претрес во 6 часот наутро. Така и беше. Се правеше претрес во нашиот дом, потоа се правеше и во Орка Холдинг“, го почна Камчева своето сведочење.

Камчев беше изнесен на судија по претходна постапка во Судот по предметот „Империја“.

„Кога дојдовме во Кривичен суд, она што на што се сеќавам беше недоличното однесување на обвинителката Стефанова на која еден од бранителите Антонио Апостолски во ходникот му кажа: „Ништо не ми можеш Тони, моќта е кај мене, само треба да знаеш кога е кај тебе и да знаеш како да ја искористиш“. Подоцна бев известена од уште еден бранител во „Империја“ дека истата обвинителка Лиле Стефанова им се обратила и му препорачала да не биде бранител во „Империја“. Тоа правеше влијание на одбраната“, рече Камчева.

Ана Камчева сподели спомени и од првата средба со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

„Се случи во домот на Јовановски во Орман. Се поздравив со неа. Разговорот го почнавме за децата пришто рече фала му на Боки, да не беше тој да го вработи син ми, сега ќе работеше на брод“, кажа Камчева.

На последното рочиште, што се одржа на 6 декември, сведочеше Јордан Камчев, кој во повеќе наврати рече дека обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Но, бизнисменот притоа откри и други лица и сподели многу информации.

Ден подоцна (7 декември) во јавноста беа споделени нови аудио записи преку Јутјуб за кои Јавното Обвинителство најави истрага.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

Ана Камчева Рекет сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.