Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета: Да не си судиме за минатото, туку да соработуваме

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанија се залага за почитување на малцинските заедници, нивниот идентитет и култура. Имаше измени на законот, кој ја регулира оваа област и кој беше во согласност со европските стандарди, изјави албанскиот претседател Илир Мета на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, запрашан за неодамнешното признавање на бугарско малцинство во Албанија.

– Албанската Влада и Парламентот покажаа максимална флексибилност и толеранција во оваа насока, но ова не значи дека ќе охрабруваме дејствија кои не се соодветни со реалноста во Албанија околу малцинствата, потенцира Мета.

Тој посочи дека лично ќе се заложи за поддршката на македонската заедница во Албанија.

– Ние се гордееме со исклучителните вредности на македонската заедница во Албанија и јас го уверив претседателот Иванов дека во текот на мојот мандат ќе давам поддршка на оваа етничка заедница со цел зајакнување на нивниот идентитет и положба затоа што тие претставуваат вистинска вредност за нашата земја, рече Мета.

На новинарско прашање, Иванов и Мета потврдија дека на средбата станало збор и за градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко кој се наоѓа во притвор во Македонија.

Иванов притоа посочи дека пренел и до Владата дека здравствената состојба на Темелко е нарушена и дека се доведува во прашање, како што рече, дали ќе може да го преживее овој судски процес. И албанскиот претседател Мета ја искажа загриженоста бидејќи, како што рече, сепак станува збор за државјанин на Албанија.

– Секој државјанин треба да ги почитува законите на државата чиј државјанин е. Во случајот со Темелко е што тој има државјанство и на Република Македонија и на Република Албанија. Ја искажав мојата загриженост и на оваа средба и на средбата порано со Џафери. Се работи за јавна личност, за градоначалник на општина, но и за лице кое има лоша здравствена состојба, рече Мета.

Иванов на прес-конференцијата посочи дека она што најмногу ги поврзува двете земји се Македонците во Албанија и Албанците во Македонија.

– Констатиравме дека тоа најмногу не поврзува. На Мета му искажав благодарност за неговата досегашна грижа за Македонците во Албанија, за сите негови напори за унапредување на нивната состојба. Има поединечни случаи кои не треба да се генерализираат и секој пат треба да ја гледаме големата слика и да ги поттикнуваме сите позитивни примери кои ги подобруваат односите меѓу двете земји, рече Иванов.

– Подобро е да го трошиме времето работејќи заедно, давајќи си поддршка едни на други и при тоа сите да имаме придобивка од оваа соработка и взаемно разбирање, отколку да си судиме едни на други за прашања поврзани со минатото. Во оваа насока Македонија и Албанија се пример за соработка во целиот регион, рече Мета.

Запрашан во врска со законот за употреба на јазиците кој ја помина првата фаза дали ќе го стави својот потпис кога ќе дојде кај него, Иванов рече дека ќе се произнесе по него откако законот ќе дојде во неговиот кабинет.

– Со внимание ја следев расправата за законот, кога законот ќе пристигне кај мене ќе се произнесам по него. Тоа мора да биде во согласност со Уставот и законските прописи.

Македонија очекува поддршка од Албанија за членството во НАТО

Сите со нетрпение очекуваме Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО, но и да постигне видлив напредок на патот кон европската интеграција, порача денеска во Скопје претседателот на Албанија.

– Го поттикнуваме продолжувањето на дијалогот за надминување на сите прашањата, кои претставуваат пречка на тој пат. Македонија како членка на НАТО, не е успех само за самата земја, туку и за целиот регион, бидејќи тоа претставува фактор за безбедност во овие турбуленти времиња, рече Мета на заедничката прес-конференција со Иванов.

Тој истакна дека Македонија и Албанија можат да преставуваат пример за соработка во целиот регион.

-Подобро да го трошиме времето работејќи и поддржувајќи се едни со други и притоа сите да имаме придобивка од оваа соработка и заемно разбирање отколку да си судиме едни на други посебно за прашања поврзани со минатото, рече Мета.

 

Македонскиот претседател посочи дека Албанија и Македонија заедно почнале на патот кон НАТО, но откако Албанија стана членка, Македонија сега очекува нејзина поддршка во тој процес.

– Македонија очекува Албанија да ја повлече да биде членка на НАТО, да и помогне да добие покана за членство, а во однос на ЕУ се што досега Македонија има направено и сето нејзино искуство и стои на располагање на Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ, додаде Иванов.

 

Во врска со можностите за зближување на народите на двете земји, но и на бизнис заедниците, според Иванов, неопходно е инфрастуктурно поврзување.

– Трговската размена на две толку блиски земји не е на завоволитено ниво ниво, рече Иванов и додаде дека според бизнис заедницата, главен проблем е инфраструктурата, односно железничкото поврзување, како и олеснување до пристапот до пристаништето во Драч.

 

 

Ѓорѓе Иванов Илир Мета средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.