Прес конференеција на СДММ, Кристијан Дојчиновски:
Христијан Мицкоски многу лаже.
Кога беше во опозиција, Мицкоски велеше дека Груевски е жртва на политички прогон.
Граѓаните знаат, Мицкоски му беше советник на Груевски, директор на ЕЛЕМ поставен од Груевски, генерален секретар на ВМРО а потоа Груевски го избра за негов наследник.
Сега кога е на власт истиот тој Мицкоски ја смени плочата, сега вели дека Никола Груевски ако дојде во Македонија ќе оди во затвор.
Падот на Орбан во Унгарија целосно го измести Христијан Мицкоски.
Тотална паника.
Граѓаните и членовите на ВМРО многу добро знаат дека Мицкоски беше само чувар на столчето на Никола Груевски.
Тој активно работеше и подготвуваше терен за враќање на Груевски. Ги укина сите потпретседатели во ВМРО-ОКГ, ја елиминираше внатрешната конкуренција.
Спроведуваше кампања за напад на случаите на СЈО и прогласување на пресудите на Груевски за неважечки.
Сега падна Орбан, ја нема заштитата, доаѓа време на одговорност и правда со кои ќе мора да се соочи лично Мицкоски.
Изгледа сака да се спаси самиот себе си.
Дали е Мицкоски новиот Ванчо Михајлов во ВМРО?
Спремен е да направи се, само за да си ја зачува фотељата и да се спаси.
Го предаде ли Мицкоски својот Никола Груевски за фотеља или ова е уште една негова лага?
Исто како што клечеше и молеше за власт, ветувајќи дека ќе го смени името и ќе го укина Преспанскиот договор
Народот знае. Мицкоски многу, многу лаже.




