Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Ковачки со нападите кон министерката Петровска работи за трета агенда?

0
By Ана Василевска on March 29, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Драган Ковачки
Драган Ковачки
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не запираат обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кон министерката за одбрана Славјанка Петровска, но и институцијата што таа ја предводи. Дел од обвинувањата беа демантирани и оценети како лага и невистина, за дел се истражува дали се основани, а за најмалку две обвинувања министерката Петровска правдата ќе ја бара на суд поради изнесена лага и клевета од страна на пратеникот Ковачки.

Поранешниот кадар на Армијата, а сега пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во телевизиско соочување со министерката во ноември минатата година обвини дека таа крие луксузна хациенда со базен во Радишани, а имотот не бил пријавен согласно законските прописи. Петровска најави тужба против Ковачки за наводите за „наводна нејзина хациенда“ и оцени дека овој случај за поранешниот полковник е веќе загубен.

„Јас никогаш не сум се водела со место на живеење на таа адреса. Имам адреса на живеење во Радишани, но таа е на парцела веднаш до хациендата која ја покажува Ковачки“, истакна Петровска неодамна во гостување во „360 степени“.

Дел од документацијата приложена во тужбата на Петровска било и вештачењето од специјалист кој изготвил психијатриски наод по ваквите обвинувања од страна на Ковачки, а тој реши делови од наодот да прочита од собраниската говорница. Според министерката, таквата состојба ѝ ја предизвикал токму Ковачки со неговите постојани лаги за што веќе покренала и судска постапка.

„Тоа што го читавте е извадок од вештачењето и се однесува на моето однесување за вашата бескрупулозна лага што ја изнесовте пред неколку месеци. Причината за вашиот бес и немоќ да се справите со тужбата е тоа што всушност ве натера да излезете на говорница и да го читате тоа. За тоа што пишува во тоа вештачење и што го предизвикало таквото мое однесување, ќе се видиме наскоро на суд“, рече министерката Петровска на седницата посветена на пратенички прашања.

Но, ова нема да е единствениот случај во кој Ковачки и Петровска ќе ги соочат аргументите во судница. Ковачки обвини дека „оперативци – разузнавачи пред 10-тина дена биле испратени на задача во Косово од страна на министерот Славјанка Петровска, но истиот ден кога дошле на Косово, биле приведени поради сомнителни активности“. Петровска пак, рече дека ова е само дел од низата на лаги со кои Ковачки се служи.

„Дали е целта личен напад врз мене за тоа дали јас сум неуспешна или успешна. Дали е целта да ги нападне своите доскорешни колеги, затоа што знаете дека тој беше припадник на Армијата и ја напушти за да биде пратеник во Собрание или одработува некоја трета агенда… тоа се прашања кои треба него да му ги поставите“, кажа Петровска.

Таа во телевизиско гостување додаде дека Ковачки не се користи со точни информации и министер не испраќа никој во оперативни активности од наведената служба. Министерката не седи со вкрстени раце и прибавила и официјален документ од Република Косово, кој ги демантира наводите на Ковачки.

„За последната лага која Ковачки ја изнесе дека припадници на военото разузнавање на АРМ биле уапсени на Косово, еве документ, официјален допис од косовските власти во кој тие тврдат дека таков настан со македонски припадници на военото разузнавање воопшто немало“, рече Петровска на собраниската седница.

На дел од критиките мета е и Министерството за одбрана

Обвинувањата на Ковачки кон Министерството за одбрана се засилија откако тој го напушти армискиот чин полковник и стана пратеник во Собранието. Тој последно во ноември обвини дека „во касарната на Армијата нема вода за пиење“. Од Министерството пак потенцираат дека во 2022 година за потребите на Армијата, преку јавни и транспарентни јавни набавки, досега набавени се 435 илјади литри флаширана вода за армиските припадници.

-Во моментов, во тек е набавка на 653 илјади литри флаширана вода, повторно во транспарентна постапка која е и јавно достапна. Количествата на флаширана вода кои се доставуваат до касарните и издвоените објекти се доставуваат согласно искажаните потреби и водата се доставува континуирано, посочуваат од МО.

Претходно, во октомври минатата година пратеникот обвини дека од Министерството за одбрана украдени се документи со назнака „строго доверливо“ и побара одговорност од Славјанка Петровска. Од Министерството за одбрана информираа дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи, се подвлекува во реакцијата, такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана.
– Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите, но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата, беше појаснето во реакцијата од МО. Оттаму го повикаа пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажал дека не му се јака страна.

Ковачки во континуитет објавуваше обвинувања и кон претходничката на Петровска, Радмила Шеќеринска, а влезе и во конфликт со началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски. Па, по иницијатива на началникот на Генералштабот, преку командантот на Командата за операции, Главната военодисциплинска комисија расправала за утврдување на дисциплинска одговорност на полковник Драган Ковачки по три основи: испратена порака преку Вибер до началникот на Генералштабот во која се изнесуваат закани, клевети и обвинувања, политички пост на Фејсбук профилот на полковникот Ковачки во кој се изнесуваат неосновани обвинувања за врховниот командант на Армијата, претседателот Пендаровски и јавните настапи на полковникот Ковачки при што тој не ги почитува насоките од Правилото за односи со јавноста на Армијата, усвоено во 2016 година. Комисијата утврди вина кај Ковачки, а протече и упатената закана што му ја упатил на Ѓурчиновски, која гласела: „Долга е раката на ВМРО“.

Инаку, од Министерството за одбрана во изминатиов период неколку пати апелираа партијата на Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ да не се служи со дезинформации. Еден од таквите примери е обвинувањето на партијата дека Славјанка Петровска упатува персонал во мисии надвор од земјата без да се почитуваат основните услови, а тоа е кандидатите да поседуваат НАТО безбедносни сертификати и поради тоа дел од припадниците на АРМ биле вратени од мисија.

„Во врска со обидите на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да претстави наводен скандал, ја известуваме јавноста дека од 17. Јануари 2022 до 17.март 2022 во мисија се упатени вкупно 33 припадници на Армијата и ниту еден од нив не е вратен. Сите упатени припадници ги исполнуваат условите да бидат упатени во мисија. Во време на хибридна војна и ширење намерни дезинформации кои имаат за цел да го намалат угледот на Министерството за одбрана и Армијата, ги повикуваме сите општествени чинители да ги проверат фактите и да внимаваат за точноста на информациите добиени од нивните соработници“, беше истакнато во демантот на Министерството за одбрана.

Извор Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.