Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали напаѓачот од Торонто е терорист

0
By Нова ТВ on April 24, 2018 СВЕТ
Алек Минасијан, напаѓачот од Торонто
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Напаѓачот Алек Минасијан, кој вчера со комбе удри во група пешаци во Торонто, при што загинаа десет луѓе, а 15 повредени, денеска ќе се појави пред суд.

Против него ќе биде покренато обвинение. Во медиумите денеска беше објавена негова фотографија.

Заменик шефот на полицијата во Торонто, Питер Јуен изјави дека не може да каже која била причината или мотивот за нападот.

При апсењето 25-годишниот Минасијан тврдеше дека има пиштол и бараше од полицајците да го убијат.

Јуен посочи дека продолжува истрагата за инцидентот.

Нападот се случи вчера во 13:30 часот по локално време, кога повеќето вработени излегуваат на пауза. Возилото било изнајмено од компанијата „Рајдер систем“.

Очевидец на настанот изјави дека „возачот дејствувал планирано и сакал да ги убие сите“.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл го оцени инцидентот како „многу сериозен“, без да соопшти повеќе детали. Засега не е познато дали станува збор за сообраќајна несреќа или планиран напад.

Неименуван извор од безбедносните служби на САД изјави дека претпоставуваат оти мотивот на напаѓачот е тероризам.

Како што соопшти полицијата тој претходно не им бил познат на властите како престапник, но според очевидци целиот напад изгледал дека е изведен намерно да предизвика жртви.

Како се случил нападот

Полицијата соопшти дека белото комбе што било изнајмено влетало во пешачката зона околу 13:30 по локално време (18:30 средно европско време).

Според очевидци, комбето удирало се што му се нашло на патот – луѓе, хидранти, поштенски сандачиња.

-Бев сведок на најмалку шест, седум луѓе кои беа удирани и летаа во воздух, изјави очевидец за Би-Би-Си.

Што е досега познато за осомничениот

Многу малку детали засега се објавени за осомничениот за нападот.

Полицијата соопшти дека Алек Минасијан бил од северниот дел на Торонто, од предградието Ричмонд Хил.

Шефот на полицијата на Торонто, Марк Саундерс, изјави на прес-конференција дека тој претходно не им бил познат на властите.

-Сето тоа дефинитивно изгледаше со намера, изјави тој, додавајќи дека е премногу рано во истрагата да се каже дали инцидентот бил поврзан со тероризам. Не исклучуваме ништо. Она што треба да го направиме е да го следиме она што го имаме, бидејќи истрагата е во многу рана фаза, рече тој.

Нападот се случи, додека министрите за надворешни работи на водечките индустриски земји-Г7 – Канада, САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија – разговараа во Торонто.

Канадскиот министер за надворешни работи, Христија Фриленд, изјави дека состаноците на Г-7 ќе продолжат во вторник, според планираното.

напад напаѓач тероризам Торонто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.