Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данела не се скара уште сама со себе, продолжува самоволието на градската шерифка

0
By Ана Василевска on January 18, 2023 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Данела Арсовска
Данела Арсовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа долно, примитивно и автократно однесување кое досега го гледаме од пресметаните потези на унгарската конзулка Арсовска, потсетува на хибридна комбинација од политиките на режимскиот простаклук, и сплеткарење на жена на сред селска чешма со рацете потперни на колкови.

Пишува АНА ВАСИЛЕВСКА

Ана Василевска
Ана Василевска

Не помина ниту еден месец од скандалите со сообраќајот во Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска посегна и по срцето на градската култура, Младинскиот културен центар. Нејзините кавги кои почнаа со Христијан Мицковски, и заканувачките шерифски погледи од Собраниската маса, продолжија со условување на приватните превозници што го затнаа градот и предизвикаа неколкудневен хаос во метрополата.

Сега, нејзиното самоволие се прели во Младинскиот културен центар, каде што синоќа му врачи отказ на директорот Ванчо Богоев, директор кој самата го постави по нејзиното назначување. Првиот човек на МКЦ, „летнал“ бидејќи се спротиставил да потпише две решенија за вработување, меѓу кое тоа за Бени Шаќири.

Еден под клучните поддржувачи во изборната кампања на Арсовска за Скопје, беше токму Шаќири, кој се надеваше на директорската позиција на МКЦ. Сега, на чекор до влезот во градската културна институција, веројатно се создаваат услови тој да влезе, баш онака, каубојски со клоца во двокрилна салунска врата.

Какви биле математиките на сите досегашни поддржувачи на „шерифката“, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до Ленин од „Слобода превоз“, и актуелниот мотив на Бени Шаќири, нека се занимава нејзиното „лично сметководство“, но едно е сигурно дека, барем досега, сите тие излегоа жртви на нејзиното ветување.

И тоа, нам обичните граѓани и граѓанки алаш-веришот за позиции и пари, помалку не интересира (иако тоа се наши пари) ама секако е во наш интерес да го сочуваме Градот од тотална катастрофа која се заканува од раководењето на Арсовска. Или можеби, маглата на најако во скопската котлина треба да ни го замагли видот?

Тоа долно, примитивно и автократно однесување кое досега го гледаме од пресметаните потези на Арсовска, потсетува на хибридна комбинација од политиките на режимскиот простаклук, и сплеткарење на жена на сред селска чешма со рацете потперни на колкови.

Младинскиот културен центар, оваа година прослави пет децении од своето постоење, тоа е култниот бастион на независната културна сцена на Градот, место на почетоците на „Скопскиот џез фестивал“, фестивалот „Млад отворен театар“, субкултурата, на „Рок фест“ и стотици круцијални настани за креирање на убав и модерен артистички амбиент на Скопје.

Не знам, и не можам да разберам кои граѓани го дадоа својот глас за анонимна, полуписмена жена, патем унгарска конзулка,  да раководи со веќе милионски град, но сигурна сум дека револтот што го создаде во меѓувреме и кај блиските поддржувачи и кај јавноста е акумулиран до степен на експлозија.

Тој што се надева на новата директорска позиција на МКЦ, и која било друга ветена од Арсовска, нека биде подготвен да добие клоца штом, на шерифката нешто нема да и биде по волја, а ние ќе чекаме таа конечно да се скара и со самата себе, и да го ослободи Скопје.

Да живее 13 Ноември!


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Град Скопје Данела Арсовска МКЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.