Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даниелсон: Почеток на најинтензивниот ангажман во нашата долга врска

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 27, 2018 11:20

Генералниот директор за проширување и соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, денеска во Брисел официјално го означи стартот на подготовките за преговори за членство на Република Макеоднија во Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Даниелсон пред двата преговорачки тима од Албанија и Македонија изјави дека денеска е “почеток на најинтензивниот ангажман во нашата долга врска“.

– Нашите експерти ќе ја објаснат должината и длабочината на европското заедничко законодавство (acquis communautaire), правилата на ЕУ, рече Даниелсон.

Овие два дена македонскиот и албанскиот преговарачки тим ќе ги слушаат експертите од Европската Комисија како им го образложуваат целокупното законодавство и најдобри практики во областа на правдата и фундаменталните права. Во следната една година ќе се одржат уште 32 вакви состаноци за секое поглавје од преговарачкиот процес, што вкупно ги има 33, или 160 илјади страници европски закони и правила што ќе мора да се преточат во домашното законодавство.

Тимовите ќе имаат уште седумдесет вакви состаноци, истакна Даниелсон.

-Мора да има заедничко разбирање за тоа што се правилата на ЕУ за да се подготвите за идното членство, изјави директорот.

Даниелсон посочи дека состанокот за денешното поглавје 23 е фундаментално, не само поради тоа што е тоа новата преговарачка методологија на Европската комисија со новите земји кандидати, туку дека токму реформите поврзани за правдата и владеењето на правото се условите поставени од Советот на ЕУ за ефикасно почнување на преговорите со ЕУ во јуни 2019.

Османи: Денешниот ден го чекавме 15 години

Ова е историски момент за нашата земја, и за мене вистинска чест како главен преговарач, да го одбележам почетокот на Скрининг процесот, како финална етапа во подготовката за преговори за полноправно членство во Европската Унија, истакна вицепремиерот Бујар Османи на формалното означување на стартот на подготвителната работа за преговори за членство помеѓу Македонија и ЕУ.

Османи посочи на историјатот на приближувањето на Македонија кон Унијата, почнувајќи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација во 2001, преку кандидатскиот статус во 2005 година, па се до првата препорака од страна на Комисијата во 2009 година.

– Европската и евроатлантската ориентација на земјата претставува точката на обединување на нашето општество уште од самата независност, а во процесот на приближување кон ЕУ, неповратно се вградени сите претходни влади, пренесувајќи ги интересите на земјата на своите наследници, кои продолжуваат онаму каде нивните претходници застанале,  истакна Османи.

Тој ја нагласи и пошироката инклузивност во рамките на овој процес, упатувајќи благодарност и до администрацијата, граѓанскиот сектор, експертската јавност…

– Нам ни е јасно дека започнуваме комплексен процес, кој ќе се одвива во повеќе фази, во кој илјадници страници на т.н. ‘Аки’ (Acquis), треба да бидат транспонирани во македонското законодавство, но дозволете да ве уварам дека мотивацијата и ентузијазмот меѓу администрацијата, граѓанскиот сектор, претставниците на бизнисот, но и воопшто кај граѓаните, од напредокот во евроинтеграциите е на исклучително високо ниво. Ве уверувам дека ние сме подготвени да се справиме со овој предизвик, истакна Османи.

Потсети дека административната структура, успешно ги имплементираше обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а се потготвува и за процесот на преговори.

Османи ги претстави трите траектории по кои Владата, но и целата држава ќе се движат во рамките на евроинтегративните процеси.

– Државата паралелно ќе се посвети на имплементација на договорите за добрососедство со Бугарија и Грција, ќе го задржи реформскиот моментум за исполнување на забелешките и насоките на заклучоците од јунските совети, како и цврсти и бескомромисно ќе влезе во исполнување на обврските од објаснувачкиот скрининг, подготвувајќи се со тоа, на сите три полиња паралелно, за почеток на преговорите во јуни следната година, истакна Османи, посочувајќи на историскиот момент за одлука – „шанса која оваа генерација не смее да ја пропушти“.

Обраќања до присутните имаа и министерката за правда Рената Дескоска, како и директорот на Директоратот за проширување на Европската Унија, Кристијан Даниелсон и други претставници на Европската Комисија.

Работната средба на која Европската Комисија ја презентира анализата на поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права, за Република Македонија продолжува низ текот на целиот ден, а според агендата, работната група ќе продолжи со работа и во текот на утрешниот ден, кога се очекува да им се приклучи и еврокомесарот за проширување – Јоханес Хан.

Во Европската комисија во Брисел се наоѓа 40-члена делегација составена од експерти од надлежните државни институции кои имаат надлежности во дадената област, предводена од главниот политички преговарач вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а во нејзиниот состав се и министерката за правда Рената Дескоска, главниот технички преговарач Бојан Маричиќ и експерти од Секретаријатот за европски прашања.

Даниелсон ЕУ скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.