Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дармановиќ очекува позитивен извештај од Европската Комисија за напредокот на земјата кон Европската Унија и додаде дека Црна Гора ќе биде следната членка на Унијата.

Тој за Радио Црна Гора истакна дека нема никаков спор и оти Подгорица е апсолутен лидер во регионот во европските интеграции.

„Ние не се натпреваруваме со другите, напротив, многу ги поддржуваме нашите соседи во нивните европски аспирации, но сосема е јасно дека Црна Гора е следната членка на ЕУ“, наведе Дармановиќ.

Тој истакна дека е важно Црна Гора да почне со затворање на поглавијата и оти во овој момент може да понуди на ЕУ најмалку пет или шест поглавија која би можела да ги затвори.