Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дац: Актерите што не ја одиграа претставата ќе бидат казнети

2
By Нова ТВ on December 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

В.д. директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов Дац, доцна синоќа на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека сите актери што вчера ја откажаа претставата „Ничија земја“ во знак на поддршка на притворениот актер Владо Јовановски, ќе бидат казнети.

„Пријатели и љубители на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. Се откажа претстава во МНТ. Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата ‘Ничија земја’, како поддршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27 април во Собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија“, напиша Дац на Фејсбук.

Тој во својата порака до граѓаните вели дека театарот постои за публиката и така ќе остане.

„Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика“, напиша Дац.

Пред полна сала актерите вчеравечер ја одложија претставата „Ничија земја“. Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи ѝ се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, Владо Јовановски, претставата нема да се одигра.

По ваквата одлука, публиката ја напушти салата.

актери Владо Јовановски Драган Спасов - Дац МНТ Ничија земја претстава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.