Тениските репрезентации на Австралија и на Франција се први четвртфиналисти во Дејвис купот. Двата тима ги добија и дуелите во двојки и по победите во сингл во првиот натпреварувачки ден имаат недостижни 3:0 против Чешка, односно, Јапонија.
Австралиската комбинација Грот/Пирс беше подобра од чешкиот дубл Сатрал/Весели со 6:3, 6:2, 6:2, а решавашкиот поен на Французите го обезбедија Арбе/Мау по триумфот над јапонската двојка Сугита/Учијама со 6:3, 6:4, 6:4.
Тимот на САД поведе со 2:0 против Швајцарија која во Бирмингам, Алабама отпатува без Федерер и Вавринка. Џек Сок го порази Марко Шудинели со 6:4, 6:3, 6:1, Изнер во четири сета беше подобар од Лаксонен со 4:6, 6:2, 6:2, 7:6.
По една победа ноќеска прославија Канада и Велика Британија во Отава. Даниел Еванс го победи младиот Денис Шаповалов со 6:3, 6:3, 6:4, Канаѓаните израмнија благодарение на Васек Поспишил кој го совлада Кајл Едмунд со 6:4, 6:1 7:6.