Дејвис купот е историја: ИТФ гласаше за тениско СП од 2019 година

Две третини од делегатите на Годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација се изјаснија позитивно по новиот проект. Завршниот турнир е планиран од 18 до 24 ноември во Мадрид или во Лил и во него ќе учествуваат 18 селекции.

Промени во најава од ИТФ: Светски тениски куп наместо Дејвис куп

Тениските авторитети со желба за воведување турнирски мундијал по урнек на фудбалот, на кошарката, на ракометот, на одбојката, на ватерполото. И тоа на сметка на натпреварување што со 118 години зад себе е едно од најстарите спортски настани во светот. Новиот проект ќе биде ставен на гласање пред 147. членки на годишното Собрание на Интернационалната Тениска Федерација што е закажано за четврток (16 август) во Орландо, САД

Дејвис куп: Франција на чекор до десетта „салатара“

„Триколорите“ поведоа со 2:1 во финалето во Лил по триумфот во двојки на Гаске и Ербер против Бемелманс и Де Лор со 6:1, 3:7, 7:6, 6:4. Утре ќе се играат последните два меча во сингл во кои Цонга за противник ќе го има Гофан од 13,30 ч., а ако биде потребно по нив на теренот ќе излезат и Пуј и Дарсис

Дејвис куп: Македонија останува во трета Евро-африканска зона

Најдобрите македоонски тенисери во полуфиналето загубија од Луксембург со 1:2. Претходно, во групната фаза, забележаа три победи против Малта во првото коло со 2:1, против Исланд во второто со 3:0 и против Молдавија во третото со 2:1

Тенис: Оперирано окото на францускиот судија што го удри Шаповалов

Хируршката интервенција за Арно Габа беше неизбежна по дополнителните лекарски прегледи. Утврдено е дека нема оштетувања на рожницата и на мрежницата, но рентген снимките покажаа фрактура на коската над левото око

Тенис: Канаѓанецот Шаповалов казнет со 7.000 долари

Непромислениот потег на тинејџерот што резултира со удар со топче со око на главниот судија за време на решавачкиот мел со Кајл Едмунд значеше негова дисквалификација и елиминација на Канада во осминафиналето во Дејвис купот