Невремето што го зафати Скопје резултира со испад во високонапонската мрежа. Поради тоа, корисниците на дел од центарот на градот останаа без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Од компанијата нагласуваат дека екипи на Електродистрибуција се излезени на терен со цел брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.