Делегација од Јужна Кореја која е во посета на Северна Кореја се сретнала со врховниот лидер на земјата, Ким Јонг Ун.
За прв пат делегација од Јужна Кореја се среќава со него.
По посетата, делегацијата на Јужна Кореја ќе отпатува во САД каде ќе оствари средба со претставници од Кабинетот на Трамп.
Во фокусот на средбите е како да се намалат „нуклеарните“ тензии и да се притисне за разговори меѓу Пјонгјанг и Вашингтон.