Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократизам, патриотизам, европеизам

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2024 09:57

ДАРКО ЏОРЛЕВ / Цивил Медиа

Многу често во последните неколку години го слушам зборот „патриотизам“.

Го слушам од различни луѓе, во различни контексти, но сега, повеќе од кога било порано, овој збор, овој прекрасен збор, се присвојува како лична заменка: ПАТРИОТ!

Па се прашувам: Каков човек е патриотот?

Сигурно не човек кој својата земја ја сака само на збор.

Сигурно не човек кој избегнува да плати данок.

Сигурно не човек кој своето лично, индивидуално добро го става над доброто на мнозинството, над доброто на јавниот интерес.

Сигурно не човек кој „ги спрема“ уште од најмали нозе своите деца за живот во друга земја и ги учи дека сите други земји се подобри од неговата !

И сигурно не човек кој својата земја сака да ја гледа изолирана – сама и тажна.

Вистинскиот патриот никогаш нема да нагласи дека Е патриот. Наспроти тоа, тој ќе го манифестира секојдневно своето родољубие низ сопствените дела.

Па, ако некогаш го казнат за брзо возење, нема да бара „човек“ за да не ја плати казната, наспроти тоа, ќе му биде драго да ја плати и ќе знае дека истата ја заслужил. Затоа што така треба.

И кога никој нема да го гледа, нема да ја фрли празната кутија цигари на улица. Наспроти тоа, кога никој нема да го гледа, ќе собере некоја таква фрлена кутија од улица и ќе ја пренесе во најблиската корпа за отпадоци.

И кога навистина „не оди“, ќе излаже ако треба, ама ќе каже дека и во неговата земја убаво се живее.

И ќе знае каде припаѓа. Затоа што тој самиот, неговата душа, неговото битие е неговата земја. Тој Е неговата земја !

Таквиот човек НИКОГАШ нема да каже дека не му треба ЕВРОПА. Затоа што тој самиот Е Европа !

На вистинскиот патриот, европските стандарди се веќе негови стандарди, затоа што вистинскиот патриот одамна живее европски !

А кои се тие стандарди ?

Самонаречените патриоти често знаат да кажат: „Европа е против бракот!“,  „Европа е против семејството!“, „Европа е против вистинските вредности!“…

А кој го кажа тоа?

Додека постои човештвото, ќе постојат луѓе ЗА и луѓе ПРОТИВ. И за арно и за лошо. Ги има од најмалото македонско селце, до најголемата европска престолнина. Ама што со тоа? Зарем тоа ни дава за право да извлекуваме генерални судови?

Да се сакаме и почитуваме!

Да го сакаме и почитуваме нашиот ближен!

Да ја сакаме слободата на мислата и говорот!

Да ја сакаме правдата!

Да ја сакаме демократијата!

Но, не онаа демократија која ни дава права, а не бара одговорности. Туку демократија каде што секој поединец од „демосот“ многу внимателно и одговорно ќе се однесува, за уште поодговорно да владее, а сѐ со цел заслужено да си ги добие своите права кои од таквото однесување и владеење неминовно ќе произлезат. Тогаш, можеби и ќе знае што да прави со нив…

Тоа е вистинскиот демократизам.

Тоа е вистинскиот патриотизам.

Тоа е вистинскиот европеизам.

Дарко Џорлев е адвокат. Живее и работи во Штип.

Текстот е личен став на Авторот.
Дарко Џорлев демократија ЕУ патриотизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.