Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстранти до Чавков: Нема плашење, ќе ви шараме сè по список

0
By Нова ТВ on May 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Импровизиран кафез со ликовите на екс-  министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески придружувани од шефот на кабинетот на Никола Груевски – Мартин Протуѓер денеска беа главно обележје на протестот на Шарената револуција низ скопските улици.

Тргнувајќи од Специјалното обвинителство, со врзани лисици на поранешните функционери и влечејќи го кафезот, демонстрантите го започнаа маршот првично кон Владата. Во првите редови зад транспарентот „Не за криминалот, не за аболицијата“ беа демонстрантите Власи, кои велат дека на денешниот Меѓународен ден на Власите, нивна должност е да бидат на протест.

-Како што нашите предци со ваков стап оделе по планините со овци, со стада, така ќе си одат и овие бандити. Сами треба да си одат, нека се покажат во кафезот како изгледаат, рече претставник на Власите.

Боите на Шарената револуција, вечерва завршија кон зградата на Владата и Собранието на Република Македонија, каде за прв пат со катапултот фрлаа боја девојки, а припадниците на МВР не пропуштија и овој протест да го снимаат во целост.

Меѓу присутните беше и професорот Гордан Калајџиев кој денеска доби казна од 50 евра или вршење општо корисна работа поради учество и фрлање боја на протестите.

Активистот Замир Мехемти во својот Говор пред Собранието му упати порака на министерот за внатрешни Митко Чавков дека шарањето на институциите ќе продолжи се до нивното „ослободување“.

-Шарената револуција е најголемиот кошмар за фашизоидните шизофреници и нивните безрбетни слуги. Ние овде ја пишуваме историјата на Македонија, на Македонија во која криминалците одат во затвор и тука нема компромис. Господине Чавков ќе ви се обратам вас директно, бидејќи вас ве реизбраа за да не уплашите. Ќе ви кажам дека нема плашење, дека овој народ е разбуден и дека ќе ви шараме сè по список, не ви се плашиме. Ние шараме сред бел ден, не се криеме кукавички како вас, му порача активистот Замир Мехмети на министерот.

Демонстрантите на Шарената револуција повеќе од еден месец континуирано протестират секој ден во 18 часот откако претседателот Иванво ја донесе одлуката за коелктивна аболиција на политичарите.

Граѓаните обединети под Шарената револуција бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти. Дел од барањата се и  вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

 

#шаренареволуција протестирам Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.