Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстрантите го окупираа центарот на Скопје

0
By Нова ТВ on April 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2016 19:56

Граѓанскиот протест кој точно во 18 часот започна пред СЈО, а продолжи пред Собранието во моментов се одвива речиси низ целиот строг центар на Скопје, јавува репортерот на НОВА Влатко Чаловски.

Демонстрантите од Собранието преку Триумфалната порта се упатија кон Плоштадот со цел да го искажат револтот пред миистерството за култура – институцијата преку која велат дека потрошила огромна сума на пари непотребно.

Демонстрантите се движат во повеќе насоки низ центарот на градот,а сообраќајот е блокиран. Инаку, пристапот до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е блокиран со две хермелинки со водени топови, метални барикади, но со помало присуство на полициај за разлика од претходните денови.

Демонстрантите постојано скандираат ”No pasaran”, а еден од присутните на разглас порача дека протестите нема да стивнат без разлика дали ќе има преговори меѓу политичките партии или не.

На протестите кои веќе втора недела се одржуваат во Скопје по одлуката на Иванов за колективна аболиција, се бара итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО); Итна и неотповиклива оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија; Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО; Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кој ќе биде надлежен за случаите под јурисдикција на СЈО; Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни; Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, како и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Протести за денеска се најавени и во Штип, Кочани и во Битола. Протестот во Штип започна во 18 часот, пред Основниот суд, а во Битола на плоштадот Магнолија.

аболиција Ѓорѓе Иванов протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.