Лидерите на протестното движење во Шри Ланка, кои ги избркаа претседателот и премиерот од нивните службени резиденции, денеска изјавија дека ќе останат во палатите  додека двајцата не ги напуштат позициите.

„Претседателот мора да поднесе оставка, премиерот мора да поднесе оставка и владата мора да си замине“, рече драматургот Рувантид Чикера на прес-конференцијата на местото на протестот, а потоа и други лидери кои помагаат да се координира антивладиното движење, објави Ројтерс.

Претседателот Готабаја Рајапакса и премиерот Ранил Викремесинг планираат да поднесат оставки, објави вчера претседателот на Парламентот.