Илјадници демонстранти во Тирана бараат оставка од премиерот, социјалистот Еди Рама.
Демонстрантите кои се предводени од опозициската Демократска партија поставија шатори вчера пред канцеларијата на Рама и побараа негова оставка и формирање влада која ќе гарантира слободни избори.
„Владата на Рама мора да си оди“, рече Љуљзим Баша од Демократска партија.
Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири за локалните медиуми рече дека нема да ги спречат демонстрантите да постават шатори.