Во Косово денешниот ден е прогласен за ден на жалост во чест на десетте жртви во вчерашната сообраќајна несреќа во Хрватска, кога автобус слета од патот и во која повредени се 44 лица. Несреќата се случи во близина на Славонски Брод што беше причина за претседателката Вјоса Османи да ја прекине официјалната посета и да се врати во земјата.
Хрватската полиција отвори истрага за причините за несреќата, иако возачот на автобусот на „Дева Турс“ од Ѓаковица, кој сообраќал на релација Франфурт – Приштина, е уапсен, откако признал дека задремал за момент над воланот