Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денес почнува судењето на руски војник во првиот случај за воени злосторства

0
By Соња Крамарска on May 13, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 13, 2022 10:01

Денеска во Киев ќе почне судењето на руски војник за убиство на невооружен украински цивил. Тоа е прво такво судење по почетокот на инвазијата, и прв официјален случај припадник на руската војска да биде кривично гонет за воено злосторство.

Наредникот Вадим Шишимарин е обвинет дека застрелал 62-годишен маж во глава преку отворен прозорец на автомобилот во североисточното село Чупахивка. Тој се соочува со доживотен затвор според казните наведени во делот од украинскиот кривичен законик кој се однесува на законите и обичаите на војната.

Адвокатот на Шишимарин, Виктор Овсијаников, призна дека случајот против неговиот клиент е силен, но рече дека конечната одлука за тоа какви докази ќе дозволи ќе ја донесе судот во Киев. Овсијаников вели дека тој и неговиот клиент сè уште не одлучиле како ќе се изјасни.

Во текот на изминатата недела, Венедиктова, нејзината канцеларија и Службата за безбедност на Украина, и Агенцијата за спроведување на законот во земјата, објавија неколку детали од истрагата за дејствијата на Шишимарин на нивните профили на социјалните мрежи.

На 28 февруари, четири дена откако Русија ја нападна Украина, Шишимарин бил меѓу групата руски војници кои биле поразени од украинските сили, според извештајот на Венедиктова. Русите додека бегале пукале во приватен автомобил и го заплениле возилото. Тие потоа со возило се упатиле до село во регионот Суми на околу 200 милји источно од Киев.

На патот, рече Венедиктова, руските војници виделе човек како оди по тротоарот и зборува на неговиот телефон. На Шишимарин му било наредено да го убие човекот за да не може да ги пријави кај украинските воени власти. Обвинителката не посочи кој ја дал наредбата. Шишимарин пукал со „Калашников“ низ отворениот прозорец и ја удрил жртвата во главата.„Човекот починал на самото место на само неколку десетици метри од неговата куќа“, напиша Венедиктова.

Службата за безбедност на Украина, позната како СБУ, на 4 мај објави кратко видео од Шишимарин како зборува пред камера и накратко опишува како го застрелал човекот. SBU го опиша видеото како „едно од првите признанија на непријателските напаѓачи“. „Ми беше наредено да пукам“, рече Шишимарин, облечен во сина и сива дуксерка со качулка. „Испукав еден шаржер во него. Тој падна. Ние продолживме понатаму“.

Покрај судењето на Шишимарин, 21-годишен член на руска тенковска единица, украинскиотобвинител спроведува и други бројни истраги за наводите дека руските војници убиле, мачеле и малтретирале украински цивили. Канцеларијата на генералниот обвинител Ирина Венедиктова соопшти дека истражува повеќе од 10.700 потенцијални воени злосторства во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени, вклучително и руски војници и владини претставници.

Многу од наводните злосторства излегоа на виделина минатиот месец откако силите на Москва ги завршија напорите да го заземат Киев и се повлекоа од целиот главен град, изложувајќи масовни гробници и улици и дворови преполни со тела во градовите како Буча.

Володимир Јаворскиј, координатор во Центарот за граѓански слободи во Киев, една од најголемите групи за човекови права во Украина, рече дека активистите ќе го следат судењето на рускиот војник за да се осигураат дека неговите законски права се заштитени. Може да биде тешко, рече тој, да се одржи неутралноста на судските постапки за време на војна. Почитувањето на правилата и нормите на судењето „ќе одреди како ќе се постапува со слични случаи во иднина“, рече Јаворски.

Вадим Карасев, независен политички аналитичар од Киев, рече дека е важно украинските власти „да покажат дека воените злосторства ќе бидат решени и одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата во согласност со меѓународните стандарди“.

воени злосторства во Украина судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.