Во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“, денес на програмата ќе може да се видат најновиот филм на Софија Копола „Заведен“ со кој ја освои наградата за најдобра режија на годинешниот кански фестивал, и  филмот „Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантимос кој ја доби наградата за најдобро сценарио.

И во двата филма главните улоги ги толкуваат Никол Кидман и Колин Фарел.

Помалите љубители на филмот денеска во Кино Фросина ќе може да уживаат во „Господин шпион“ од  11 и „Малиот гангстер“ од 13 часот.

Во 19 часот ќе се прикажува филмот „Сина тишина“, а од 21 часот филмот „Срце од камен“.

Над 30 кратки филмови на студентите од академиите за Универзитетите во

Словенија, Хрватска, Албанија, Србија, Босна, Бугарија, Турција и Македонија ќе бидат прикажани во 17.30 часот во Џебно кино.

Во 20 часот  ќе започне филмот „Плукни и на вистината во очи“.