Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска почнува судењето за масовното прислушување

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 22, 2017 08:26

Денеска во 10 часот во Кривичниот суд треба да започне првото рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кој треба да докаже кој и како го вршел нелегалното прислушување.

Минатата година во ноември, од СЈО објавувајќи ја новата истрага за овој случај рекоа дека постои основано сомнение за 10 лица вработени во УБК кои преку злоупотреба на системите за следење на комуникациите незаконски прислушувале и ги повредиле основните човекови права и слободи на граѓаните.

Според истрагата, незаконски прислушувани од 2008 го 2015 година, незаконски биле прислушувани најмалку 5.827 телефонски броеви.

Прислушувањето се вршело преку три системи.

„Прибавените докази покажуваат дека преку првиот систем за следење  од 01. 01. 2008 до 30. 11. 2008 без судска наредба  биле следени најмалку 229 телефонски броеви и уште најмалку 21 телефонски број надвор од периодот на судските наредби. Преку вториот систем за следење , во периодот од 11.2. 2008 до  02.01. 2015 без судска наредба е следена комуникацијата на најмалку 3.646 телефонски броеви и дополнително уште најмалку 1.268 телефонски броеви надвор од периодот од судска наредба. Третиот систем бил во употреба од 21. 01. 2015 до 31. 12. 2015 без судска наредба се следени најмалку 401 телефонски број и дополнително уште најмалку 252 телефонски броеви надвор од судската наредба“, објавија од СЈО минатата година.

Осомничените издавале наредби, внесувале броеви и слушале разговори.

Обвинителката Фетаи рече дека уништувањето на двата системи за следење комуникации го успорило времето на прибирање на доказите, а за уништување на овие докази е отворена истражната постапка под името „Тврдина“. Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнвање (УБК), Сашо Мијалков, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште десетина лица.

Обвинети во случајот се и началниците од УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција и се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Солун, откако на 18 октомври беа уапсени на солунскиот аеродром.

Специјалното јавно обвинителство во истражната постапка утврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски (во тоа време премиер)  не бил таргет, а го има единствено во разговорите со другите луѓе кои биле следени.

масовно прислушување СЈО Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.