Околу 1 милион и 900 илјади гласачи со право на глас денеска ќе гласаат на локалните избори во Косово. Тие ќе избираат советници и градоначалници во 35 општини.
Според аналитичарите, кандидатите за градоначалници во изборната кампања најавуваа мегаломански ветувања.
Најголема битка меѓу големите партии се очекува во поголемите општини како Приштина, Призрен, Ѓаково, Пеќ и Митровица.
Процесот ќе го набљудуваат голем број странски набљудувачи.