Денеска во 13 часот во хотелот „Арка“ ќе се одржи средба на албанските партии на која лидерите на партиите ќе разговараат за формирање на Влада.

Иницијатор на средбата е лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој изјави дека ќе инсистира на целосно официјализирање на албанскиот јазик.

По денешната средба се очекува појасна слика околу собирањето на потписи за формирање на парламентарно мнозинство.