Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска средба Заев – Нетанјаху

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска ќе има работен ручек со израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху.

Заев во Израел, каде престојува на покана на неговиот израелски колега Нетанјаху, го придружува владина и бизнис делегација.

Официјалната програма за овој ден, како што соопшти владината прес-служба, предвидува и средба на премиерот Заев со лидерот на опозицијата Исак Херцог.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на средбата Заев и  Ривлин.

Македонскиот премиер, придружуван од владината делагација со којашто е во Израел, беше и во посета на Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот центар на Холокаустот. Тој положи венец во име на Република Македонија, во Холот на Сеќавањето, за 6-те милиони Евреи, жртви на Холокаустот и присуствуваше на молитвата за загинатите, меѓу кои и деца,  а засади и засади дрвце на мирот во Шумата на нациите, исто така во Ерусалим.

Попладнето Заев се обрати на Израелскиот совет за надоврешни работи, и на Бизнис форумот што го организира Владата на Република Македонија.

Заев Израел Нетанјаху
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.