Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот почнува со спектакл во Мелбурн: Ѓоковиќ и Надал за ново епско финале

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 СПОРТ
Фото: tennisworldusa.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот голем тениски турнир во 2019 година носи и спектакл. Претпладнево во 09.30 часот по средноевропско време во Мелбурн е закажано машкото финале на Австралија опен. А, актери во него се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Дуелот ќе биде 53 меѓусебен на Србинот и Шпанецот кои по 26 пат ќе играат за титула и по осми пат на гренслем турнирите.

На АТП турот во шега велат „дека е полесно да победите фаворит од типот на Ѓоковиќ, на Надал или на Федерер одошто да добиете комплимент од Матс Виландер“. Легендарниот шведски тенисер, кој со години веќе соработува со „Евроспорт“, се огласи во пресрет на тениската класика.

„Никогаш не сум го видел Надал со таков сервис и бекхенд удар какви што демонстрира во изминатите две недели во Мелбурн, но мој впечаток е дека Новак е во предност“, истакна Виландер.

Ѓоковиќ претпладнево ќе атакува по седми трофеј во Мелбурн во седмото финале. Надал, пак, е во блага предност во однос на моментно водечкиот на АТП листата кога во прашање се финалните натпревари на турнирите од големата четворка. Шпанецот води со 4:3 и тоа е една од статистичките категории во кои е во водство во дуелите со српскиот ас.

Што велат бројките? – Ѓоковиќ води со 27:25 во меѓусебните дуели со Надал кој, пак, рековме води со 4:3 во гренслем финалните средби. Но, гледајќи ги севкупно нивните финалните пресметки на АТП турот, билансот е на страна на Србинот (15:10).

Какви се прогнозите на дел од големите шампиони на тениската игра?

Род Лејвер вели „давам предност на Ѓоковиќ, без причина“ додека за Иван Лендл е „тешко да се одбере фаворит бидејќи двајцата ги гледам многу блиску“. Линдзи Девенпорт е типува на „Ѓоковиќ бидејќи е ментално посилен“, мислење што го дели и Пет Кеш. Рој Емерсон е на страна на Надал за, како што вели, „да го сочува мојот рекорд од шест титули на Австралија опен“. И повторно Виландер кој вели „Ѓоковиќ, затоа што е предобар и не можете да го добиете“.

Организаторот на турнирот сè уште не одлучил дали машкото финале ќе биде под затворен кров. Температурите во Мелбурн преку ден се блиску до 50. степен, па затоа и дилемите за овозможување на похумани услови за игра што веројатно ќе бидат отстранети пред самиот натпревар.

Надал беше на терен десетина минути повеќе од Ѓоковиќ на годишното издание на турнирот. Изминатите шест меча, Шпанецот ги реши за 12 часа и 11 минути за разлика од Србинот кој играше 11 часа и 59 минути. Надал игра со лева рака, Ѓоковиќ е деснак, Надал има 80 турнирски победи (17 гренслем титули), Ѓоковиќ има 72 АТП титули (14 на гренслем турнирите). Надал има 32 година, една повеќе од Ѓоковиќ и на крајот на краиштата во дело на занимливостите, Надал е со статус на професионалец од 2001 година, а Ѓоковиќ од 2003 година.

Австралија опен Новак Ѓоковиќ Рафаел надал тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.