Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерала: Се бориме против дезинформациите заедно со граѓанките и граѓаните, бидејќи сме дел од нив

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 13, 2024 10:24

Во борбата против дезинформациите и странското малигно влијание, се користат најразлични методологии. ЦИВИЛ, организација за човекови права, основана во 1999 година, постојано трага по иновативни решенија во оваа област, но еден принцип задржува во сите свои активности и проекти: директна комуникација со граѓанките и граѓаните. Во тој дух е и определбата луѓето кои се дел од оваа голема организација, стара 25 години, секојдневно да бидат во директен контакт луѓето.

Денеска, тимовите на ЦИВИЛ се во источниот дел на земјата, откако во текот на вчерашниот ден беа на улиците на главниот град.

„Како и во другите клучни области, така и во борбата против дезинформациите и хибридните закани, ЦИВИЛ работи заедно со граѓанките и граѓаните на нашата земја. Не можете да очекувате ефикасност и успех, ако немате директна комуникација со луѓето. Во изминатите 25 години, ние токму тоа и го правиме – работиме заедно со граѓанките и граѓаните, бидејќи ние сме дел од нив“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во пресрет на денешното патување низ источниот дел на земјата.

Напладне, во Штип, претставниците на ЦИВИЛ ќе одржат брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“ со почеток во 12 часот.

На брифингот, ЦИВИЛ ќе ги презентира активностите во оваа област и со присутните ќе размени информации, ставови и препораки за постојните состојби, како и за тоа што е потребно за да се надминат последиците предизвикани од дезинформациите и странското малигно влијание во нашето општество. Посебен акцент ќе биде ставен на конкретни предлози како да се изгради отпорно општество.

Како што информираат во ЦИВИЛ, претставниците на организацијата ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

дезинформации ЦИВИЛ Медиа Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.