Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деркоски: Избирачкиот список мора да се обработи, необработен список не потпишувам

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во ДИК сме сложни дека треба да се почитува Изборниот законик. Од тие причини внимавам да ги следам законските прописи и да не излезам од таа рамка и само на тој начин сите ќе се доведеме до еден успешен изборен процес, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски.

Во интервју за „Утрински брифинг“ тој кажа дека избори мора да има, и дека ДИК ќе се прилагодува на препораките на здравствените комисии. Тој укажува и на потребата од повторна обработка на Избирачкиот список.

„Избирачкиот список, кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма како што го добиваме секогаш откако ќе го дознаеме денот на изборите. Добиваме суров материјал, наредниот ден се декриптира. Затоа велат дека за оваа операција се потребни помеѓу 45 и 50 дена. Јас ги разбирам политичарите и нивните мотиви, но јас морам да го почитувам законот. Јас како претседател на ДИК можам да бидам надгласан од другите членови на Комисијата, но Избирачкиот список се потпишува од сите членови на Комисијата и откако сите ќе се потпишат истиот се заклучува и со тој се оди на избори. Јас таков список нема да потпишам“, изјави Дерковски.

За да се запазат мерки за заштита од коронавирусот, на прашањето дали е можно зголемување на бројот на гласачките места за намалување на концентрацијата на граѓаните и продолжување на изборниот ден, тој смета дека тоа може да се направи, но потенцира дека за тоа треба законска одредба.

„Сегашната бројка на гласачките места е од 300 до 1.200 гласачи. Надлежноста сега е во Владата. Околу продолжување на часовите повторно ќе кажам дека е потребна законска измена“, рече Деркоски.

Во однос на промената на изборните листи на партиите, преседателот на ДИК вели дека добиле барање од еден кандидат на листа каде тој во изјавата нагласува дека се кандидирал за избори на 12 април.

„Законот не дозволува и ќе треба да почекаме како ќе се одвива целата ситуација. Моментално нема исправање и изземање од кандидатските листи. Тоа е законски пропишано. Доколку се распишат нови избори тогаш веќе е друга ситуацијата“, вели Деркоски.

Дик Избирачки список Изборен законик избори Оливер Деркоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.