Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска контра Мицкоски: Барањата за заштита на криминалот и амнестија на криминалците не поминуваат

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека министерката за правда „ги минира преговорите“ за Законот за Јавно обвинителство и дека таа е пречката поради која нема компомис.

„Јас навистина жалам што министерката за правда на моменти се претвора во министер за неправда и човек толку полн со омраза и гнев кон ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата јас не сум сретнал досега дури и да бил тоа висок претставник или активист од редовите на СДСМ, што во секој поглед гледа да ги минира преговорите, конкретно за законот за јавно обвинителство и практично таа е основната пречка што можеби досега тие преговори не завршија“ рече Мицкоски.

Тој не зборуваше конкретно за барањата на опозицијата за Законот за Јавно обвинителство и само рече дека „позицијата на ВМРО ДПМНЕ се темели на правото“.

„Тој што се огрешил пред законите и се посрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност низ еден фер, транспарентен судски процес за да има можност да се докажува дали е виновен или невин. И на крајот од тој судски процес ќе има конечна одлука. Додека пак нејзината позиција е исклучиво политичка со една цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Во такви услови ние не можеме да ги доближиме ставовите. Ние мора да најдеме правно решение за правен проблем“ рече Мицкоски.

На прес конфренцијата реагираше министерката за правда Десковска која на фејсбук напиша дека Мицкоски има „искривена перцепција за реалноста и не е свесен кои се црвените линии за правда и владеење на правото чие почитување го бараат граѓаните, но и меѓународната заедница“. Таа му порача на Мицкоски да си погледне во сопствениот двор и да се запраша какви позиции застапува неговата партија во разговорите за законот.

„Неговата денешна изјава е крик на немоќ, крик на фрустрација дека вистинската намера на нивните позиции во однос на Законот за јавно обвинителство е разобличена и дека барања за заштита на криминалот и амнестија на криминалците нема да поминат.

Се додека истакнуваат барања кои значат рушење на правната држава и амнестија за криминалот – тие барања нема да поминат. И тоа не е само мој став. Тоа е став и на СДСМ, тоа е став и на нашите граѓани. Јас тој став, како министер за правда го застапувам досега и ќе продолжам да го застапувам и понатаму“ напиша Дексовска.

Десковска му порача на Мицкоски и да размисли дали ќе биде лидер или марионета кој ги исполнува  „интересите на лидерот зад сцената“ .

ВМРО ДПМНЕ бара тие да предложат шеф на Обвинителството за организиран криминал

ВМРО ДПМНЕ бара мандатот на сите обвинителите на СЈО да заврши со смената на Јанева

Десковска Закон за Јавно обвинителство Мицковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.