Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Очекувам ВМРО ДПМНЕ да се повлече од барањето за скриена амнестија

0
By Соња Петрушевска on May 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 21, 2019 12:47

Преговорите меѓу министерката за правда и претставниците на ВМРО ДПМНЕ околу новиот Закон за Јавно обвинителство, продолжуваат. Дескоска рече дека се надева оти Законот ќе биде изгласан со консензус и дека партиите ќе се откажат од барањата за скриени амнестии.

„Се надевам дека ќе успееме да постигнеме консензус со принципите кои ни се зададени од Европската унија за владеење на правото. Се надевам дека созрева свеста кај политичките партии дека она што значи барање за амнестија, не смее и не може да биде.

Нашето инсистирање да нема можност за скриена амнестија е принцип од кој не можеме да отстапиме, затоа што само закон кој ќе содржи решенија сосодветни на европските вредности е закон кој ќе биде позитивно оценет“, кажа министерката за правда Рената Дескоска.

Таа очекува дека ВМРО ДПМНЕ ќе го повлече барањето за амнестија.

„И кај нив мислам дека мора да созрее свеста дека такво нешто не е дозволено и не може да се стави во закон“, рече Дескоска.

И премиерот Зоран Заев очекува да се постигне консензус. Рече дека за Законот за јавно обвинителство имале средби и со претставници од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, со Алијансата на Албанците и со Беса.

Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека денеска имале средба со Евроамбасадорот Жбогар и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ на која ги изнеле своите аргументи зошто земјава треба да ги почне преговорите.

„Заслужуваме шанса да го отпочнеме процесот, бидејќи активно работиме на подобрување на легислативата согласно ЕУ законодавството, го решивме проблемот со името и имаме одлична соработка со сите соседи. Но, за да се задржи динамиката на реформи, потребна ни е политичка одлука од ЕУ за датум за преговори, кој беше најавен претходната година од високи авторитети на Европската комисија“ соопштија од Независната пратеничка група.

ВМРО ДПМНЕ Дескоска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.