Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска по одлуката на Врховен:Не смеат да се бараат процедурални причини за да се избегне нечија одговорност

0
By Нова ТВ on January 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 31, 2019 17:24

„Врховниот суд може да утврдува начелни мислења и ставови доколу има разлика меѓу различни судови што не е случај со предметите на СЈО“ изјави денеска министерката за правда Рената Десковска за одлуката на Врховниот суд кој вчера по барање на адвокати донесе мислење дека СЈО нема право да покренува истраги и обвиненија по 17 јули 2017 година.

„Во делот на вчерашната одлука на Врховниот суд, јас од позиција на министер за правда не би требало да ја коментирам, но јавно сакам да поставам  прашања со цел да се расчисти правната ситуација во која е донесена таа одлука.

Прво согласно закон,  Врховниот суд може да утврдува начелни мислења и ставови доколу има разлика во пракса меѓу различни судови или различно постапување.

Во овој случај единствен суд што постапува во моментот по постапките на СЈО е Основниот суд Скопје 1. Значи немаме несогласување на праксата на Основниот суд Скопје 1 со некој друг суд затоа што друг суд не постапува. Исто така, во рамките на самиот Кривичен суд немаме различно постапување од два, три или неколку совети да кажеме дека се воедначува судската пракса.

Мојата порака е дека ниеден криминал не смее да остане неказнет, не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста“ рече Дескоска.

Дескоска кажа и дека очекува СЈО заедно со јавниот обвинител да разговараат за начинот на продолжување на постапките, и да  одлучат дали да ги продолжи СЈО или  Обвинителството за организиран криминал.

За овие прашања се разговарало и на работните групи кога се подготвувал новиот закон за СЈО кој е во финална фаза.

„Целта на Министерството за правда е решение кое ќе значи продолжување на судските постапки ако има криминал. Со Закон нема да дозволиме амнестирање на криминалци или со некава законска одредба да ги затвориме истрагите“ рече Десковска.

На прашањето што значи во пракса одлуката на Врховниот суд, Дескоска кажа дека се работи за начелни мислења кои не ги обврзуваат обвинителите.

„Ова се начелни мислења кои не ги обврзуваат јавните обвинители. Tие можат да продолжат и понатаму со досегашното работење. Значи не ги обврзуваат, но можат да ги земат во предвид и судиите од другите судови, освен од Врховниот суд, задолжителност нема, но тоа е еден вид на став и мислење за кое тие ќе одлучат“ рече Дескоска.

Врховниот суд вчера одлучуваше по иницијатива на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов кои ги бранат обвинетите во предметите на СЈО. Ваква можност – да поднесуваат иницијативи до Врховен, адвокатите ја добиле во мај оваа година кога се носел Законот за судство. Десковска вели дека таа во тоа време не била министер за правда.

„Гледајќи ја хронологијата и ако ја отворите веб страната на Собранието има дополнет предлог текст, што е практично дополнет со таа одредба.

Претпоставувам дека тоа е произлезено како некаков компромис во делот на преговорите меѓу власта и опозицијата, во тоа време, за да се постигне согласност од две-третини во Собранието“ рече Дескоска.

Средба на првите луѓе на СЈО и ОЈО: Постапувањето по овие предмети ќе продолжи

По вчерашната одлука на Врховниот суд, денеска се сретнаа  првите луге на СЈО и републичкото обивнителство Катица Јанева и Љубомир Јовески.

„На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува СЈО, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи, стои во заедничкото соопштение на СЈО и ЈОРМ.

Русковска: Со одлука на Апелација “бомбите“ се прифатени како докази

Шефицата на обвнителството за организиран криминал Вилма Русковска вели според законот за СЈО, неопходно е Јанева да им ги даде предметите и истрагите, затоа што обвинителството што таа го раководи не може да ги преземе. Според неа нема пречка и редовното обвинителството да ги користи бомбите како докази

„Кога тие снимки беа предложени како доказ од СЈО првостепениот суд ги одби, но по одлука на Апелација тие станаа доказ во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи. Не е битно кој постапувал по предметот, кое Обвинителство, сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд. Тоа е мое мислење. Ќе видиме што ќе се случи доколку ни ги предадат предметите“ – рече обвинителката.

По спорниот термин – јули 2017 година кој го посочува Врховниот суд, СЈО покрена 18 истраги и обвиненија, меѓу кои се „Попис“, „Талир“, „Империја“, „Пациент“..

 

 

 

 

 

 

 

Врховен суд Десковска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.