НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десничарите градат гласачи како хиените што го чекаат остатокот од пленот

0
By Ана Василевска on August 31, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кокетирањето и популистичкото блебетање за црни сценарија и загрозеност на националниот или географскиот идентитет секогаш беа идеален лајтмотив и на нашата мејнстрим десница. Подготвени на сѐ, само да стигнат до власт, демнат и ги чекаат „остатоците и продуктите“ што се тешко сварливи и ги расфрлаат на сите страни, залиени со прегореното канцерогено масло.

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Основата на секоја вешто приготвена манџа е иста – масло, домат, пиперка и кромид. Зависно од потребниот вкус таа може да се збогати со месо, со тиквички, компир или ориз. Сеедно. Метафората на еден оброк со политичката агенда што ја приготвуваат партиите е само вовед да се илустрираат некои разлики меѓу идеологиите чија крајна цел е секако, некој т.е. народот да го проголта зготвеното.

Тоа што прави апсолутна разлика во креирање на политичкиот оброк наменет за гласачите е дали за основата се користат расположливите свежи „намирници“ или се користи отпадот, како семки, лушпи и, најважно од сѐ, повеќепати прегорено масло. А за екстремната десница секогаш е атрактивен „отпадот“,  тоа што потешко се голта и најмногу од сѐ, тоа што останува како „лесно расиплива храна“.

И тоа е најлесно, како што хиените ги чекаат отпадоците што ќе останат од пленот на лавот. Не треба воопшто да вложуваат напор, не се изложени на ризик, и крајната цел е да се наситат, да направат штета и да опстанат како вид.

Отпадот, односно деликатната храна секогаш и лесно гори, па така тие лесно и брзо доаѓаат до гладните и незадоволни гласачи, кои ги понесува револтот и не размислуваат за понудата, туку единство инстантно го потхрануваат гневот, а инстинктите им се разгоруваат во краткотрајна екстаза со можноста за осуда кон проблемите.

Ова опасно доближување до нацистички наративи како оние на Путин, ја донесоа и новата војна на европско тло. А војната е идеална атмосфера за опстанок на диктаторите: вистината е мртва, моралот го нема, а одговорноста е сведена на нула.

Основата на рецептот на десничарските хиени со нијансирани разлики е секаде ист: Национализам, морализирање околу правата на ЛГБТ+ заедницата, семејни вредности, етнички разлики, опасност од мигранти. Тој е применлив насекаде низ Европа, па оттаму и брзорастечката популарност на десницата и фашистичките логики. Италија, Шведска, Франција, па не може да одолее и една ултра либерална и демократска Португалија. 

И за волја на вистината, нивните кујни се секогаш сместени во најрепрезентативни објекти во центар на метрополите, како палатата во Белград на Српската радикална странка, и Белата палата на најбогатата партија во Европа, во центарот на Скопје. Оваа матрица на заплашување и готвење во грандиозни објекти за да си дадат на важност и големина пред народот е огледало на хитлеровата логика. Денес, за среќа, овие објекти и штабови на нацизмот во Берлин се пренаменети во најразлични културни центри и ставени на располагање на граѓаните.

Но, духовите на фашизмот не мируваат.

Ова воопшто не е чудно, особено ако се земе во предвид „отпадот“ што се насобра по пандемијата од Ковид 19 и економската рецесија од која никој не остана поштеден. Сѐ е на тацна, за лесно сервирање на фашизмот.

Кокетирањето и популистичкото блебетање за црни сценарија и загрозеност на националниот или географскиот идентитет, секогаш беа идеален лајтмотив и на нашата мејнстрим десница. Подготвени на сѐ, само да стигнат до власт, демнат и ги чекаат „остатоците и продуктите“ што се тешко сварливи и ги расфрлаат на сите страни, залиени со прегореното канцерогено масло.

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ КАКО НАРАЧАН „ЗАЧИН“ ЗА ТОКСИЧНОТО МЕНИ НА ДЕСНИЧАРИТЕ

Измените со уставните амандмани, кои се услов за преговарачкиот процес на С. Македонија со Европската унија, им дојдоа како посакуван „зачин“ во токсичното мени.

Очекувано беше дека ќе се изнаслушаме за „крадење на историјата и идентитетот“ за „опасноста од бугарска асимилација“ за „политичари што ја продаваат државата“, за „медиумски тајкуни“, „за албански заговор“, за „Албанци што не плаќаат сметки“ за „чесни каури и нечесни муслимани“, за „северџански лични документи“. На помош секогаш како десна рака на десницата се вклучи и МПЦ па „семејните вредности“ ги бутка на нос, додека тие ја шират смрдеата.

Крај нема на „списокот за пазарење“ што го пишува нашата десница за да готви отровни чинии за гладниот народ. Разбирливо, освен „гозбата за својот народ“ тие ќе понудат и украси во „ресторанот“ како  враќање на купиштата скапа бронза во облик на „Ќосето“ и слични „чисти Македонци“ и секако патриотски музички караван за полесно варење на „национал менито“.

Но, во оваа веќе многу пати видена десничарска еуфорија, и порано, и сега, нема разумна понуда за решенија кои се ефективни и кои би можеле да детерминираат поинаков политички пат. Важни им е да го фрлат овој „фастфуд“ со „празни калории“, а по зграбување на власта, да си ја продолжат лешперската агенда на заплашување, недемократски институции, апсолутизам и да создаваат привид за „чиста држава“ со морален народ што осудува сѐ што не е „македонско“, сѐ што не е „конвенционално “, и најмногу од сѐ, да осуди сѐ што не е „вмровско“.

Дали демократски ќе ја преземеме обврската да останеме на европскиот пат кој е единствена насока за во иднина да си обезбедиме „стандардизирана и сертифицирана храна“ или ќе ризикуваме да бидеме задоволни со „лесно расипливи продукти “, ќе зависи од сите нас.

Во првиот случај, ќе биде потребна одговорност и напор, за вториов е доволна мрзеливоста и омразата.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ЕУ национализам опозиција уставни измени црни сценарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.