НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десницата пробува востание во Скопје, Вашингтон и Бразилија

0
By Ана Василевска on January 10, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Васко Лазаревски
Васко Лазаревски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ 

Иако се чини неразумно да се повлече паралела меѓу делото на нобеловецот Гинтер Грас „Плебејците пробуваат востание“ во кое се зборува за работничкото востание во Источен Берлин во  и серијата десничарски „бунтови“ кои се случија во Скопје, Вашингтон и Бразилија (до сега), сепак постојат некои елементи кои можат да се препознаат како заеднички.

На кратко за драмата „Плебејците пробуваат востание“. Дејствието се случува во јуни, 1953 година кога улиците на Источен Берлин вријат од работничкиот револт кон (ох, каква иронија) газењето на работничките права од страна на советската комунистичка власт. Плебејците (работниците) одат во берлинскиот театар со намера да побараат поддршка и идеолошко водство од „Шефот“ – уметник и театарски режисер кој во тој момент подготвува претстава – шекспировиот Кориолан. Шефот (лик несомнено создаден според Бертолд Брехт) се сомнева во способноста на плебејците, се тртка на сцената, бездруго исплашен од големата можност востанието да не успее, пред се заради недостаток на страст за победа кај востаниците. Со други зборови – му фуфка да отиде во првите редови и да води во борба. Поедноставно е плебејците сами да изгинат на барикадите. И додека Шефот се двоуми и се плетка во интерпретирањето на Кориолан, руските тенкови ги прегазуваат плебејците.

Невозможно е да се повлече идеолошка, или вредносна паралела меѓу берлинските плебејци кај Грас и плебејците кои упаѓаат во седиштата на демократската власт во Скопје, Вашингтон и Бразилија. Првите, како што веќе спомнав, ги води социјална нишка – работнички права, достоинствена плата и услови за работа. Вторите, иако исто плебејци, ги води една сосема поинаква, страшна и многу опасна идеа – спречување на демократска промена на власт, или со други зборови: укинување на демократијата и воведување на некој друг, по својата природа диктаторски систем.

Она што е слично е кукавичлукот. Како што „Шефот“ во драмата на Грас избегнува да оди на барикадите, така и лидерите на десничарските „бунтови“ во Скопје, Вашингтон и Бразилија се тргнаа на страна од опасноста и од далеку, од безбедно растојание следеа како нивните плебејци јуришаат на симболите на државноста и демократијата. Како во една српска хумористична серија: „Одиме во војна да се тепате. Некои ќе погинете, а некои ќе се спасиме“. Човек би помислил дека е единствено чесно и исправно, ако повикуваш некој да си ја стави главата во торба, да си ја загрози слободата и иднината, да застанеш напред и да викнеш: по мене! Како во сите епски филмови и театарски претстави. Но, очигледно овие десничарски бунтови немаат херојски лидер, туку себични егоисти, чија единствена страст е моќта и единствена желба да бидат на власт по секоја цена.

По сосема исто сценарио, востанието на плебејците започнува како протестен собир, а потоа (демек, спонтано) се преточува во јуриш и заземање на зградите на законодавните домови. Лидерот седи на страна, грицка нокти и чека да види што ќе се случи. Ако победат неговите – супер, на бел коњ ќе дојава во триумф и ќе ја запоседне власта освоена со сила. Ако изгубат – прв ќе се откаже од нив и ќе ги пушти да потонат. Така беше во Скопје, така беше во Вашингтон, така ќе е и во Бразилија. А, по секое вакво бунтување следат истите мачни сцени на судења на плебејците, затворски казни, семејни трагедии и каење. Исто така, по секое вакво бунтување „Шефовите“ се извлекуваат реално неказнети.

Не верувам дека постои десничарски светски заговор, но се повеќе верувам дека постои десна интернационала која преку глобалните социјални мрежи и средства за масовна комуникација успева да создаде нова алт-десна идеологија. Идеологија заснована на популизам, анти естаблишмент, анти наука, презир кон разликите и слободите и демократијата како културен и политички модел. А, овие бунтови кои ги гледаме се еден вид проби, пробување на претстава во која треба да се уништи светот во кој власта се менува на избори и да се воведе нов чии постулати можеме само да ги претпоставиме.

Добро е што се уште овие „десничарски востанија“ се во фаза на пробување, лошо е што во скоро време може да се случи да има и успешна премиера. Потоа, приказната станува поинаква, потоа сите ќе исчезнеме во прегратката на Шефот, построени пред неговата голема слика на ѕидот.

 

 

 

27 април Бразилија Капитол Хил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.