Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девет починати, 150 новозаразени лица и 30 излекувани во последните 24 часа

0
By Нова ТВ on June 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 27, 2020 15:33

Девет починати, 150 новозаболени пациенти и 30 излекувани е состојбата со ковид-19 во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.086 тестирања што дале позитивни резултати кај 93 лица во Скопје, 12 во Тетово, девет во Охрид, осум во Кичево, седум во Куманово, пет во Ресен, четири во Прилеп, по три во Штип, во Струга и во Гостивар и по едно лице во Битола, во Кочани и во Неготино.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 30 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 21, во Штип – 3, во Прилеп – 2, во Тетово – 3 и во Битола – 1. Починати се девет лица од кои шест од Тетово и три од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 79 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје на возраст од 58 години, односно 81 година и пациент од Тетово на возраст од 58 години. Во Тетово починаа пет лица на возраст од 63 години, 60 години, 77 години, 72 години и 69 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.906, бројката на оздравени пациенти е 2.236, на починати е 277, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.393. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 2.893, активни 1.931
Куманово – 732, активни 276
Дебар – 89, активни 37
Штип – 306, активни 181
Прилеп – 246, активни 23
Тетово – 640, активни 374
Струга – 196, активни 114
Велес – 173, активни 30
Битола – 46, активни 15
Охрид – 149, активни 125
Кавадарци – 14, активни 8
Гостивар – 104, активни 63
Гевгелија – 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 14, активни 10
Крива Паланка – 15, активни 9
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 6, активни 3
Кочани – 67, активни 30
Пробиштип – 14, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 6, активни 4
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 1
Свети Николе – 24, активни 22
Кичево – 24, активни 20
Ресен – 94, активни 90
Неготино – 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.086 теста се преку ИЈЗ – 527, преку „Авицена“ – 95, преку „Биотек“ – 125, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 171, преку Судска медицина – 4, преку „Систина“ со PCR метода – 134 и преку ЦЈЗ Битола – 30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид-19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 16 нови пациенти, а вкупната бројка на хоспитализирани е 100. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани четири позитивни и сомнителни деца на Ковид-19 и 17 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени девет нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 133 лица од кои девет се поставени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 421
Аеродром – 147
Бутел – 137
Гази Баба – 151
Центар – 127
Карпош – 128
Сарај – 139
Кисела Вода – 109
Ѓорче Петров – 86
Студеничани – 95
Шуто Оризари – 73
Арачиново – 54
Илинден – 30
Петровец – 18
Чучер Сандево – 16
Сопиште – 12
Зелениково – 2
Странец – 3
Нераспределен – 90

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.