Девет луѓе загинаа при уривање на мал санитетски авион во туристичката област на Филипини во близина на Манила. Авионот при падот предизвика голем пожар.

Малиот авион се урна во близина на Каламба Сити, а седум тела се извлечени од леталото. Во леталото имало двајца пилоти, две медицински сестри, лекар, еден пациент и неговата сопруга и уште две лица.

Портпаролот на филипинската Управа за цивилна авијација изјави дека авионот бил на лет на за медицинска евакуација од градот Диоплог во провинцијата Замбоанга дел Норт, кога исчезнал од радарите поради непозната причина додека прелетувал над Лагуна, која се наоѓа околу 60 километри јужно од Манила, главниот град на Филипини.