Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Блиску сме до решение за амандамните на Законот за јазиците

0
By Нова ТВ on February 28, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за амандманите поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците.

-Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение, рече Џафери на денешната средба со новинарите во Собранието.

Целта, како што рече, е да се избегне блокада на Собранието. Процедурално, како што кажа, тој нема да дозволи да се случи блокада во законодавниот дом.

Двата закона со кои се предвидува намалување на надоместокот за патните трошоци, пак, ќе почекаат откочување на законот за јазиците бидејќи се на истата седница.

За Законот за јазиците станало збор и на средбите со тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои се иницијатори на разговорите во рамки на Жан Моне процесот.

Конкретно за овој процес, тој очекува да продолжи на 15 март, но има шанси тоа да се случи и во мај.

– Со претставниците на Европската комисија и Европскиот парламент, што беа овде, се договоривме процесот да продолжи на 15 март и треба да се одржи во Македонија. Алтернативно, доколку не може да се обезбеди присуство на експертите, високите претставници од европските институции и Јоханес Хан, има шанси процесот да се одложи за во мај, вели Џафери.

Џафери посочи дека политичките партии на овој процес ќе разговараат за собранискиот деловник, бидејќи се констатирале бројни недостатоци во него.

– Констатирано е нецелосно толкување на деловникот, да не кажам злоупотреба, за времетраење на седниците. Ќе се разговара за етичкиот кодекс кој се однесува на поведението на пратениците, кои се должностите и одговорноста и нивните релации со јавноста, рече Џафери.

амандамни ВМРО-ДПМНЕ закон за јазиците џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.