Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери на раб од нервите: Немам никаков проблем со тоа, ќе ви читам на македонски јазик

0
By НОВА ТВ Terziova on May 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 61 глас „за”, 39 „против” и без „воздржани” Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера, кога и започна блокадата на законодавниот дом од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Каква Северна Кореја? Не ми спомнувај Северна Кореја. Немаме ништо заедничко со таа земја, му рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски откако беше обвинет дека го крши Деловникот на Собранието.

-Немојте сите во хор. Чекајте еден по еден. Колеги од опозицијата, немам никаков проблем со македонскиот јазик и ќе ви читам на македонски, кажа Џафери и започна да го чита предлогот на дневниот ред пред присутните во собраниската сала.

-Прекинете ја седницата, ова е најлошо водење на седница во историјата. Не можеме да се снајдеме во хаосот што го предизвикувате. Не знаат за што да се пријавуваат пратениците. Ова не треба да се случува. Ако имате морал, прекинете ја седницата, рече Мицевски.

„Не ме допирајте не ме напаѓајте“ реагираше Мицевски по што Џафери му рече: „Тргни се оди си на говорница“. По ова Џафери го стави изминатиот дневен ред на гласање, а Мицевски реагираше: „Брука си, срамота, кој дневен ред“.

Собранието попладнево повторно продолжи со работа за утврдување на дневниот ред на 71. седница. Дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најдат меѓу првите точки за разгледување.

По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

седница Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.