Талат Џафери останува претседател на Собранието на Македонија. На попладневното продолжение на конститутивната седница на законодавниот дом, тој беше реизбран со 62 гласа „за“, 43 „против и ниту еден „воздржан“. Во гласањето не учествуваа пратениците од коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива.
Новиот мандат на Џафери беше поздравен со аплауз од собраниското мнозинство додека во исто време опозицијата ја напушти салата под големата Купола во Парламентот и не присуствуваше на свечената заклетва на старо-новиот спикер.