Претседателот на собранието Талат Џафери за понеделник закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии.
Една од темите на разговор меѓу координаторите на парламентарните групи да биде и датумот за локалните избори. Џафери рече доколку партиите постигнат договор тој веднаш ќе ја запчне процедурата за измена на Изборниот Законик.
Мандатот на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник, а Џафери вчера ги повика политичките партии итно да разговараат за овој проблем, за да не се случи блокада на општините.