Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џамбаски за Резолуцијата: Ако се почитуваат црвените линии не може да функционира историската комисија

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 31, 2021 16:03

Бугарскиот европратеник Ангел Џабмаски упати остар коментар за Резолуцијата за утврдување на државните позиции на Северна Македонија во контекст на блокадите на европските интеграции, усвоена во четвртокот во македонското Собрание, тврдејќи дека таа ги прави застарени сите дискусии базирани на факти.

Во писмо до европратениците, како и до шефот на германската дипломатија Хајко Маас, Џамбаски вели дека ако се почитуваат тие „црвени линии“ Заедничката македонско-бугарска комисија, формирана врз основа на Договорот за добрососедство во 2017, просто не може да функционира.

– Нејзина првична цел беше да ги реши проблемите што досега не беа решени, поврзани со историјата, културата, идентитетот и јазикот. Но од самиот почеток македонската страна повеќепати ја бојкотира Комисијата, бидејќи не може да претстави сигурни докази, базирани на првични и вторични историски извори, кои ги поддржуваат нејзините тврдења,тврди тој.

Тој обвинува дека Резолуцијата за „црвените линии“ ги прави застарени сите дискусии засновани на факти, документи и сигурни извори и посочува дека без оглед на доказите што се презентирани, македонската страна ќе каже дека едноставно нема да разговара за ова прашање.

– Оваа последна тактика очигледно ја потврдува нашата позиција, а тоа е дека современиот македонски идентитет се заснова на историска лага преку создавање државна митологија. Сакам да кажам дека не го одрекуваме државниот идентитет на Северна Македонија по 1944 година. Не негираме дека нивниот јазик е кодифицирана верзија на западнобугарските дијалекти, пак по 1944 година. Ние се спротивставуваме на секакви обиди да крадат делови од нашата историја, базирани на факти, признаени од меѓународни историчари, тврди тој.

Џамбаски на крајот пишува и дека друг неизбежен факт е дека бугарската позиција за историското прашање не може и нема да се промени.

Бугарија Македонија резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.