Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијалог или монолог: Нови обиди на власта и опозицијата за Законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што се ближи денот за распуштање на Собранието, така се интензивираат изјавите за и против донесување на Законот за јавното обвинителство. За денеска е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот.

Од опозициската партија ја потврдуваат средбата, но истовремено нагласуваат дека сама по себе не значи дека ќе има договор со власта за законот. Притоа упатуваат на изјавата на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски од неделата во која тој вели дека „она што е предложено од СДСМ е закон што треба во иднина да ги штити криминалните структури на СДСМ што по 12 април ќе заминат во опозиција“.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека низ разговори би можело да дојде до приближување на ставовите, но доколку има отстапки од владејачката партија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, на последната прес-конференција кажа дека се работи за структурен системски закон што се носи со двотретинско мнозинство, и како што рече, „во време и амбиент кога предметите од СЈО се осигурани, тие се во судски процес под надлежност на републичкиот јавен обвинител и тоа создава обврска на сите политички чинители да продолжат да разговараат и да го изнајдат решението кое е најдобро за граѓаните и секако во функција на укажувањето на Венецијанската комисија, Европската делегација и Европската комисија”.

Заев потврди дека ќе разговара со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство и изрази уверување дека може да се донесе ова законско решение.

Во однос на забелешките на Мицкоски и до каде СДСМ е подготвен да направи компромис, Заев рече оти очекува тие да гласаат и да го поддржат законот. Претседателот на СДСМ, додаде дека ќе биде среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, односно тие да се придружат и да го олеснат патот до неговото донесување.

„Ние сме подготвени да одиме се дотаму додека тоа е дозволено согласно нашиот правосуден систем и рамката што ја носи Европската Унија, а тоа значи политичарите да не бираат обвинители, тоа значи дека не смееме да дозволиме одредени критериуми заради желба на политички партии дали се од власта или од опозиција да ги надминат црвените линии дозволени со европската регулатива. Тие законски решенија се дел од пакетот судски реформи, но и се дел на она што значи адаптирање на Северна Македонија со европската легислатива во областа правосудство“, истакна Заев.

Тој, исто така, изјави дека доколку е потребно, за ова може да се разговара и на лидерска средба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за законот за јавно обвинителство, пак, вчера рече дека треба да произлезе од европски, реформски закон, претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба, а не само „ради реда“.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вчера одговарајќи на новинарско прашање дали го разгледале новиот предлог закон од СДСМ, и дали се подготвени  да ја понесат одговорноста доколку повторно се блокира законот кој што е клучен за почнување на преговорите со ЕУ, изјави дека експертскиот тим ќе ги потенцира сите забелешки на се она што е содржано во законот. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, ќе остави можност да се сретнат претставници од двете партии и да разговараат за сите работи во законот, а потоа ќе организираат посебна прес конференција.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да презема одговорност за тоа што Заев сака да го направи за политички и свои цели. Да бидеме јасни. Заев сака да си направи свој закон каде што повторно ќе може да гони пратеници и да биде еден вид на деспот во Република Македонија. Тоа не може така. Ако збориме за реформи, ако навистина и господинот Заев и сите околу него сакаат европски закони, тогаш дајте навистина да направиме реформски закон, кој што сите ќе го почитуваме и ќе имаме успешна реформа во Република Македонија“, изјави Мисајловски.

Актуелизирањето на прашањето за законот за ЈО следува по минатодонеделната посета на еврокомесарот Оливер Вархеи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав да го донесе новиот закон за ЈО, што било добар знак за земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата.

ВМРО-ДПМНЕ Закон за ЈО Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.