Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијалог за политики: Северна Македонија има повеќе судии од европскиот просек, но нашите судии имаат и повеќе предмети за решавање

0
By НОВА ТВ on September 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако според Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, но и во други документи, се посочува дека бројот на судии е поголем од еворпскиот просек, доколку се мери според бројот на населението, сепак нашите судии, статистички, имаат поголем број предмети за решавање. Секое намалување на нивната бројност штетно ќе се одрази врз функционирањето на судскиот систем.

Ова беше еден од заклучоците од денешниот дијалог за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година – До каде сме и што понатаму?“ организиран од Институтот за европска политика – ЕПИ.

На настанот се истакна дека целта со реформата на правосудниот сектор ќе биде постигната кога ќе имаме задоволни граѓани од функционалноста и непристрасноста на судскиот систем. Сепак, беше изразена и претпазливост, дека за секоја реформа треба време и континуитет и дека нашата воопшто не е едноставна, но се покажува посветеност и решителност за промени.

Досегашните резултати беа окарактеризирани како солидни, со завршени 130 од 227 активности, а министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека ќе бара и продолжение на сегашната Стратегија за наредните 4 години.

На панелот на кој се дискутираше за постигнатите резултати во реформските процеси и за клучните предизвици во иднина, како проблем беше издвоен недостатокот на јавни обвинители, односно податокот што одреден дел од јавните обвинителства функционираат со помалку јавни обвинители од европскиот просек.

Присутните дискутираа и дека Законот за судски буџет не се почитува, односно дека реалноста покажува оти средствата што се издвојуваат за судската власт ес 0.3%, што е повеќе од двојно помалку од предвидените 0.8%. Беше истакнато дека е потребно испитување на оптималното ниво за средствата за судската власт.

Говорниците и учесниците на настанот беа согласни дека потребно е да се земат во предвид истражувањата на јавното мислење и независните истражувања за правосудството со цел да се врати довербата и да се овозможи владеење на правото. Високото ниво на недоверба во судската власт беше истакнато како аларм за проактивно вклучување на сите – и граѓаните и судската власт во реформите.

Како еден излез од оваа ситуација и враќање на довербата кај граѓаните беше истакнат процесот на дигитализација, која е корисна за ефикасноста на судството и може да ги промени перцепциите на пошироката јавност.

Настанот го отворија директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска и министерот за правда Бојан Маричиќ.

На првиот панел за реформските процеси во судството, постигнатите резултати и клучните предизвици свои видувања дадоа Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет, Антонио Јолевски, јавен обвинител и член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на ВЈО Битола, Бетим Јахја, судија во Основниот суд во Тетово и член на Здружението на судии, Максим Ацевски, главен државен ревизор и Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за
спречување на корупција.

На вториот дел од настанот, професорката и претседателката на работната група што ја изготвуваше Стратегијата и Акцискиот план за реформи во правосудството, Ана Павловска Данева, државната советничка во Министерството за правда Фросина Тасевска, проектниот координатор на Блупринт групата за реформи во правосудството Гоце Коцевски, Ива Цоневска Вангелова од ЕПИ и Александар Петковски од Зенит разговараа за тоа до каде е имплементацијата на Стратегијата и кои се чекорите кои треба да се преземат понатаму.

Настанот беше организан во рамките на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ кои го спроведуваат Институтот за европска политика – ЕПИ и Асоцијацијата Зенит, а е финансиран од Европската Унија.

Бојан Маричиќ ЕПИ Институт за европска политика Симонида Кацарска Стратегија за реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.