Според податоците од ОИК, Државната изборна комисија соопшти дека вкупната излезност до 10 часот е 8,98 проценти.

Како што соопшти портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска на првата прес конференција денеска, на сите гласачки места гласањето е започнато и се одвива без проблеми. Доцнење е регистрирано на неколку места од најмногу половина час, бидејќи, како што рече, членовите на ОИК биле ангажирани за отстранување на пропаганден материјал од околината на гласачките места.

 

ДИК воспостави кол центар со ОИК и сите помали технички проблеми се решаваат.

 

Претходно денеска и граѓанското здружение Цивил- центар за слобода, на прес конференција соопшти дека регистрирале мирен почеток на изборниот ден, меѓутоа исполнет со низа технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори, што е недостиг на добра подготвеност досега: ливчињата не се добро перфорирани и избирачкиот одбор мора да ги сече со ножици за да им ги дава на гласачите, УВ ламбите не работат во повеќе од 20 избирачки места, папки за слепи лица нема на сите избирачки места, гласачките паравани, како и кутиите за гласање за лица со попреченост се поставени несоодветно и се непристапни, во две општини  функционери на одредена партија ги евидентираат гласачите кои доаѓаат за потоа со очигледна намера да се продолжи со мобилизација и притисок, што, како што појасни, е кршење на изборниот молк.

Излезноста до 10 часот по општини на следниот линк.

Започна битката за локална власт