Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласањето мирно, со технички проблеми

1
By Нова ТВ on October 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 10:20

Мирен почеток на изборниот ден, меѓутоа исполнет со низа технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори, што е недостиг на добра подготвеност досега, констатира невладината Цивил – Центар за слобода, на првата прес конференција од почетокот на гласањето.

Претседателот на здружението Џабир Дерала, рече дека во текот на вчерашниот ден регистрирале над 20 случаи на кршење на изборниот молк и тоа во Велес, Ресен, Скопје, Штип, Тетово, Гостивар.

– Се лепеа плакати во една општина, имавме случаи во кои детектиравме СМС пораки со содржина која го крши изборниот молк кои беа испраќани на многу телефонски броеви. За поздравување е одлуката на општинската изборна комисија на Ресен по откривањето на двете ливчиња во избирачкото место 1631 во Јанковец, кои имале ист сериски број, да ги пребројат сите гласачки ливчиња во општината, меѓутоа веќе денеска забележуваме дека гласачките ливчиња не се насекаде со ист квалитет, рече Дерала.

Во општина Аеродром на неколку избирачки места, нагласи, ливчињата не се добро перфорирани и избирачкиот одбор мора да ги сече со ножици за да им ги дава на гласачите, што во неколку избирачки места предизвикало голема турканица. Појасни дека според пријавените случаи од нивните набљудувачи, УВ ламбите не работат во повеќе од 20 избирачки места.

– Има луѓе кои не се прснати со спреј, значи можат да гласаат повторно доколку сакаат. Нашите набљудувачи кои се во состав на структурата на Цивил, а доаѓаат и од организацијата Инклузива, ни јавуваат дека папки за слепи лица нема на сите избирачки места, поточно на шест избирачки места во Гостивар недостигаат тие папки, истакна Дерала.

Потенцира дека од набљудувачите било забележано дека гласачките паравани, како и кутиите за гласање за лица со попреченост се поставени несоодветно и се непристапни. Дерала рече дека во две општини  функционери на одредена партија ги евидентираат гласачите кои доаѓаат за потоа со очигледна намера да се продолжи со мобилизација и притисок, што, како што појасни, е кршење на изборниот молк.

Според нивните извештаи, во ресенскиот регион имало обид за поткуп од 4.500 денари на двајца членови на едно семејство, кои не ги прифатиле парите и ја информирале полицијата.

– Постои извесен број извештаи кои дојдоа до Цивил во текот на вчерашниот ден и во уште два случаи освен тој во Ресенско сигурни сме дека имало обид за поткуп на гласачи. Тоа се толку сензитивни извештаи што мора да се проверат уште најмалку еднаш да се верификуваат и во соработка со властите да се соопштат детали во врска со тоа, посочи Дерала.

Додаде дека говорот на омраза е многу присутен на социјалните мрежи и, според него, мора да се интервенира на повеќе начини.

И ДИК утринава регистрирала помали нерегуларности. Поради расфрлен пропаганден материјал во две гласачки места , гласањето доцнело по 15 минути, а биле сменети и неисправните ув -ламби. Повеќе детали за ова ДИК најавува на прес конференцијата во 11 часот кога ќе бидат соопштени и резулатите за излезноста до 10 часот.

Започна битката за локална власт

 

 

Дик локални избори 2017 технички проблеми Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.