Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Конечни резултати ќе има по истекот на роковите за жалби

2
By Нова ТВ on October 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се уште официјално не може да се каже во колку општини изборите се завршени, а во колку ќе треба да се гласа во вториот круг, рече денеска на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. Тој рече и дека не може да се кажат точните мандати на советници се додека не се добијат конечните резултати.

„Сега следува период на приговори, жалби и тужби до Управен суд. Па дури откако тоа ќе заврши ќе можеме да кажеме колку точно општини добиле партиите и во кои општини ќе треба да се гласа и втор круг“, рече Чичаковски.

Партиите имаат право на приговор до утре до полноќ, по што ДИК ќе ги разгледува приговорите. Откако ќе се одлучи по приговорите, партиите имаат право да се жалат до Управниот суд. Откако ќе истечат роковите за оваа постапка, ДИК ќе ги објави официјалните резултати.

Според засега обработените податоци, неофицијално четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.

Од досега преброените гласови, излезноста е повеќе од 60 отсто.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебрца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Според Државната изборна комисија, на вчерашните локални избори има 51.164 неважечки ливчиња за гласање за општинските совети, додека за изборите за градоначалници има 45.066 неважечки ливчиња.

Изборниот ден генерално помина во мирна атмосфера без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Чичаковски на денешната прес-конференција рече дека изборите се одржале во фер и демократска атмосфера.

Од Основното јавно обвинителство денеска информира дека до завршување на изборниот ден, сумарно во Основните јавни обвинителства во Република Македонија се постапува во шест кривични дела.

Дик избори локални избори 2017 резултати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.