Државната изборна комисија објави дека започнува собирањето потписи за поднесување кандидатска листа за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7 што ја опфаќа дијаспората.
– Собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, секој ден, почнувајки од 25 април 2016 година до 4 мај 2016 година, во период од 8.30 до 19 часот, на пропишан образец од Државната изборна комисија, кој може да се симне од веб страната на Државната изборна комисија www.sec.mk, се вели во соопштението на ДИК.
На парламентарните избори закажани за 5 јуни дијаспората ќе гласа во една изборна единица, а не во три како што беше на предходните избори.