Со шест гласа за и три против беше прифатен предлогот на претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски да се повикаат сите членови на општинскиот изборен одбор за да бидат дополнително сослушани.
Со ист број на гласови беше прифатен предлогот и да се донесе целиот избирачкиот материјал и да се утврди каде исчезнал записникот број 15.
Додека се донесе избирачкиот материјал и пристигнат членовите на одборот, ДИК ќе прави пауза.
Според приговорот на почетокот на гласањето во таа изборна единица недостигало гласачко ливче со сериски број, а по пребројувањето тоа ливче е најдено во кутијата.