Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК се пишмани, го врати Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња

0
By НОВА ТВ Balaban on October 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 27, 2021 13:38

Конкретно, Управниот суд на Република Северна Македонија, е тој кој прогласи гласачки ливчиња без печат за важечки, а не Државната изборна комисија, напротив Државната изборна комисија укажа и побара од членовите на избирачките одбори задолжително да ставаат печат на гласачките ливчиња, велат од ДИК 

Државната изборна комисија се пишмани и на денешната 35-та седница ја поништи предложената измена на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња пред вториот круг од локалните избори.

Предложената измена, која сега е поништена,  предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен  пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во оваа ситуација, за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.

Втор круг од локалните избори ќе има во 44 општина, а освен во Шуто Оризари, прегласување ќе има и на едно избрачко место во Дебар.

– Ве известуваме дека на 35-та седницата на ДИК беше донесена Одлуката за поништување на Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња бр.10-689/1 од 3 март 2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26 октомври 2021 година. Имено, Државната изборна комисија информираше дека на вчерашната седница не го отстрани ставањето печат на гласачкото ливче. Ставањето на печат на гласачкото ливче е задолжително согласно член 109 став (2) од Изборниот законик. Со тоа секој член на Избирачкиот одбор кој работи со гласачките ливчиња задолжително треба да стави печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат – соопштија денеска од Државната изборна комисија (ДИК).

Оттаму појаснуваат дека ваквата измена на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик, произлезе од Пресудата на Управниот суд каде што меѓу другото се вели … „ во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор, гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки“.

– Конкретно, Управниот суд на Република Северна Македонија, е тој кој прогласи гласачки ливчиња без печат за важечки, а не Државната изборна комисија, напротив Државната изборна комисија укажа и побара од членовите на избирачките одбори задолжително да ставаат печат на гласачките ливчиња. Поради ова, Државната изборна комисија го измени Упатството за важечко и неважечко ливче само во делот каде што се вели дека гласачкото ливче е неважечко ако на него нема ставено печат, со интенција да се почитува волјата на гласачот доколку е направен намерен или ненамерен пропуст од страна на Избирачкиот одбор – се вели во соопштението од ДИК во кое се додава и како ќе се третираат пропустите на членовите на избирачките одбори при ставањето печат на ливчето.
– Се нагласува дека избирачките одбори треба доследно да ја почитуваат одредбата од член 109 став (2) од Изборниот законик и задолжително да стават печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат. Секој пропуст во овој дел ќе се третира како пропуст во постапката и доколку се утврди несоодветно работење на Избирачкиот одбор односно непочитување на било кој дел од постапката, а особено на член 109 став (2) од Изборниот законик ќе биде предмет на покренување на кривична постапка.
важечки гласачки ливчиња Дик Упатство Управниот суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.