Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Сите можат да водат јавна пропагадна за референдумот-со свои пари

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата, партиите, здруженијата на граѓани  и секој поединец имаат право да водат сопствена пропаганда за, против или за бојкот на референдумот, соопшти Државната изборна комисија, повикувајќи се на Законот за референдум и на праксата во другите земји.  Но секој треба да обезбеди пари за тоа на соодветен начин.

– Кога се зборува за референдумот, се прави аналогија со изборите, но тоа не е така. Не може да се ограничи кој ќе води јавна пропаганда. Сите заинтересирани, граѓани, здруженија, сите имаат право на пропаганда, не може никому да се забрани. Владата и Собранието може да водат исто така пропаганда, но треба да проверат со кои пари може тоа да го прават, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Во врска со трошењето државните пари, според Дерковски, тоа регулирано со други закони, за што не е надлежна Државната изборна комисија.

– Институциите треба да се консултираат со Државниот завод за ревизија, Министерството за финансии, Државната комисија за спречување на корупција кои се надлежни да им кажат дали може да трошат буџетски пари за пропаганда за референдумот, вели Дерковски.

Според денеска усвоените измени на Правилникот за подготовка, организирање и спроведување референдум на државно ниво ,само за овластениот предлагач, во случајов Собранието, е предвидено да има одредено посебен простор за водење на пропаганда кој ќе го обезбедат телевизиите, печатените и електронски медиуми како што е предвидено со Изборниот законик.

Сите останати субјекти може да имаат свое медиумско претставување, но по пазарни услови. Медиумски простор за пропаганда се однесува само на овластениот предлагач, Собранието, а неискористените термини може да се делат на други субјекти.

Досега 158 иселеници се пријавиле за гласање

На првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список подрачните единици на ДИК и на целата земја проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата. До денеска околу пладне 158 иселеници се пријавиле за изјаснување на референдумот за името во ДКП. Најмногу од нив по 14 се пријавиле во ДКП  во Виена, Лондон, Торонто и Љубљана, додека во Берн, Швајцарија се пријавиле 12 државјани на Република Македонија кои живеат во странство.

Како што беше претходно соопштено, оние избирачки места во странство, каде што нема да се пријават најмалку 10 гласачи, тие нема да бидат отворени.

Државната изборна комисија апелира до граѓаните да ги проверат своите податоци до 23 август, а промените во Избирачкиот список може да се направат само со поднесување соодветна документација.

– Единствен начин за да се решат проблемите е постојано ажурирање на Избирачкиот список. ДИК во соработка со МВР и со Државниот завод за статистика ќе мора постојано да ги ажурира ваквите промени, а апелираме до граѓаните бидејќи тие најчесто ги прават промените постојано, како менување на брачен статус, пријавување и одјавување во државјанство. Тие се појавите што најчесто претставуваат проблем. Лицата имаат законска обврска 15 дена да ја пријават промената, меѓутоа сите ние вклучувајќи ме и мене и вас не го правиме тоа навремено, вели Дерковски.

Затоа како што државните органи имаат обврска, така и граѓаните имаат обврска да ги пријават промените.

Во однос на некои случаи со повеќе лица на иста адреса, од Комисијата велат дека има постапки што најверојатно се уште е во тек во МВР и дека потоа треба да донесе решение за да може тие лица да бидат отстранети од Избирачкиот список.

Членот на ДИК Јанакие Витановски на денешната седница на Комисијата појасни дека доколку во Избирачкиот список има починати лица членовите на нивното семејство треба да се упатат во подрачните канцеларии на ДИК и со умреница да докажат дека тоа лице е починато за да се тргне од Избирачкиот список. Исто така укажа има многу граѓани кои не ги смениле своите адреси при промена живеалиштето.

 

Дик јавна пропаганда референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.