Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Рокот за пријавување на спорните гласачи почнува утре

0
By Нова ТВ on July 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија утре на својата веб-страница ќе ги објави имињата на 39. 502 спорни гласачи со рок од 25 дена за тие да се пријават на списокот.

Граѓаните ќе може да се пријават лично, во подрачните единици на Државната изборна комисија, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде гласачите ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.

Втора опција е пријавување на веб страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување. Тие ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.

Пријавувањето ќе трае до 16 август, а ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот. Оние кои во предвидениот рок нема да се пријават, ќе бидат избришани од електронскиот список.

Списокот со спорни гласачи ќе биде објавен и на страниците на дипломатско конзуларните претставништа за македонските државјани во странство.

Ваквите рокови дадени од ДИК, следуваат откако партиите потписнички на Пржинскиот договор одлучија за измени во Изборниот Законик.

Според партискиот договор, во делот за Избирачкиот список, три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име.

Во таков случај, тие членови можат да побараат личноста да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период.

Според независната пратеничка Солза Грчева, вакви решенија се „плукни – залепи“, а партиите се ставаат пред сите институции во државата.

Измените во Изборниот законик се изгласаа во Собранието со мнозинство, а независната пратеничка Солза Грчева од говорницата порача дека ваквите решенија се „плукни – залепи“, а партиите се ставаат пред сите институции во државата.

– „Тресла се гора, родио се миш“. Доаѓаат летни одмори, август месец, кој во август, како може практично да направи активна регистрација? Баба Зумбула ќе ја викаат од нива да проверат дали е на список? Па тоа е смешно, тоа е трагично. Како си замислувате дека овие луѓе ќе бидат цело лето на штрек? Јас овие граѓани ги повикувам на Скајп ако се пријавуваат да се маскираат. Па ова е смешно, го нема никаде, кој ќе потврди дека сум ја навистина преку Скајп ве молам. Ваков мајтап нема во цел свет. Бројката е смешна. Ги повикувам овие граѓани, доколку ги нема на Избирачкито список да ги тужат партиите. Бидејќи партиите се ДИК, партиите се државата. Како може МВР да не знае каде живеат граѓаните?, рече Грчева.

Дик Избирачки список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.